Потребни состојки за две кори:

6 јајца (3+3)

400 г брашно (200г+200г)

150 мл врела вода (75мл+75мл)

300 г шеќер (150г+150г)

2 прашок за печиво (1+1)

2 ванилин шеќер (1+1)

150 мл масло (75мл+75мл)

4 лажички какао (2+2)

За фил:

120 г густин

3 лажици брашно

1 ½ литар млеко

2 ванилин шеќер

300 г бело чоколадо

Шеќер

300 г путер/маргарин

150 г крупно мелени бадеми

За глазура:

150 г чоколадо

4,5 лажици масло

Малку млеко

Постапка:

Вклучете ја рерната на 180 степени. Од половина состојки направете една кора: изматете 3 белки со малку сол додека да добиете цврст снег. Изматете ги пенесто жолчките со шеќер. Па додадете масло, промешајте па додадете врела вода.

Во чинија со брашно промешајте го прашокот за печиво и какао, па додадете ја смесата со жолчките и се’ добро измешајте. На крај лесно полека додадете ги белките и промешајте со лажица како да црпете, внимавајќи да се сочува смесата воздушеста.

Печете на 200 степени во плех обложен со хартија и истото направете го уште еднаш, за да добиете две кори.

Одвојте 200 мл млеко и промешајте брашно, густин и ванилин шеќер. Остатокот од млекото ставете да се готви и кога ќе проврие тргнете од оган. Додадете путер, па чоколадо, па шеќер (по вкус, затоа не ставив количина). Вратете на тивок оган и сето добро промешајте го. Оставете да излади.

Вадете со чаша кругови од кората. Спојувајте по два круга со филот. Одоколу мачкајте ги со фил и израмнете, па валкајте ги во мелени ореви.

На тивок оган растопете го чоколадото со малку млеко и масло. Врз тортичките ставајте од глазурата. Во шприц ставете го остатокот од филот па украсувајте. Забодете по еден бадем.

Напомена: глазурата може да биде и од карамел.