Овие палачинки се убаво мекички и не се нималку мрсни или „гумени“ кога ќе ги гризнете.
Филувајте ги по желба, а од нив можете да правите и пирошки: свиткајте ги во ролат убаво да не истекува филот, испохувајте ги, а потоа испечете ги или испржете ги…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто за палачинки: 4 јајца, 400 г брашно, 400 мл млеко, 400 мл газирана вода, 4 лажици масло, малку сол, 1 кесичка ванилин шеќер. ФИЛ по желба и вкус.
ПОСТАПКА: Јајцата лесно изматете ги со жица за матење, па додајте половина од брашното и млекото и сè убаво измешајте.
Потоа додајте ја другата половина од брашното и млекото, малку сол, ванилиниот шеќер и маслото и добро изедначете го да нема грутчиња. На крајот додајте газирана вода и убаво измешајте. Оставете ја смесата во фрижидер 1 час.
Подмачкајте ја тавата за палачинки со неколку капки масло и добро загрејте ја, а потоа истурете во неа една кутлача од смесата, распоредете ја брзо и рамномерно на сите страни од тавата и печете неколку секунди од едната страна.
Потоа превртете ја палачинката на другата страна и печете ја исто толку време или помалку. Испечените палачинки редете ги една врз друга, најгорната покријте ја со друга превртена чинија и филувајте ги по желба.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „НАМАЧКАЈ, СВИТКАЈ И ИЗЕДИ: Посни палачинки без јајца и млеко, меки, секогаш успеваат“ – ОВДЕ.
НАМАЧКАЈ, СВИТКАЈ И ИЗЕДИ: Посни палачинки без јајца и млеко, меки, секогаш успеваат