Лушпите од лукот содржат моќен антиоксиданс, кверцентин, кој го регулира крвниот притисок и спречува појава на кардиоваскуларни болести.
Најмоќмото дејство на оваа состојка е нејзината способност да го прочистува телото од сите токсини кои го трујат.
Особено телото после претрпено воспаление и инфекција од било какво потекло, е полно со токсините на интоксикантот, кои остануваат долго и после излекувањето со што организмот останува ослабен и подложен на нови инфекции и болести.
Лушпата од лук ја чисти крвта и ги јакне ѕидовите на крвните садови.
Направете детоксификација на телото
Една лажица мелена лушпа од лук се прелива со чаша врела вода, се остава поклопено 15-20 минути, се процедува и се пие изладено.
Се пие секој ден трипати дневно во текот на еден месец, се прави пауза од 10 дена, па се повторува.
Многу експерти се согласуваат дека лушпата има повеќе вредни работи отколку самиот лук.
Таа е богата со специфични флавоноли кои го намалуваат крвниот притисок и го спречуваат артерискиот раст.
Содржи многу влакна. Сите овие состојки се одлични за здравјето на срцето, дигестивните проблеми и намалувањето на холестеролот.
Кога ја користите лушпата од лук, бидете сигурни дека таа е органска, бидејќи во спротивно ќе внесувате пестициди во својата храна.
Сувите мелени лушпи од лук можете да ги додавате во супи и варива, да подготвувате лековит и подмладувачки чај и да спречите настинки со вдишување на дим од потпечени лушпи во тавче или на рингла.
Исто така, за да спречите дијареа консумирајте мала лажичка мелени лушпи од лук со чаша вода.
Коментар на Босилка Голева:
”Да, нашите баби и дедовци го користеа лукот во лекуванјето и на скршениците на коски. Имено, после ваденјето на гипсот, повреденото место, неколку дена на ред го обвиткуваа со луковина. Тоа се пашките од лукот, со кои старите лукот го заплетуваа во венец и така го сушеа. Значи тие пашки, ги киснеа во топла вода и топлата луковина, ја обвиткуваа околу повреденото место. Оваа беше нивната терапија.”