Здраво на сите. Ова се „путерки“ кои се топат во уста. Рецептов ги освои сите, а оние кои еднаш го пробале овој вкус, навечер го сонуваат, толку многу е добро.
Пиперките се сочни и неодоливо вкусни. Ќе ви откријам кои зачини јас ги користам, а секако вие по вкус ќе си додадете кои вам ви одговараат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 пиперки бабури, 600 г смеса од мелено месо за ќофтиња, 200 г зеленчук (златна мешавина), сол, црн пипер, кари или зачини по вкус, 200 г гауда или кашкавал по вкус, 500 мл неутрална течна павлака за готвење и опционо – 1 кесичка зачин „пилешко со 4 вида сирење“
ПОСТАПКА: Пиперките измијте ги, отсечете им ги врвовите и исчистете ги од семето. наполнете ги со смесата од мелено месо (можете да ја купите готова од месарнива или сами да ја замесите по ваш избор).
Пиперките исполнете ги приближно две третини, а одозгора дополнете со зеленчук по избор. Јас ставив златна мешавина (грашок, морков, пченка..). Посолете, запиперете и додајте зачини по ваш вкус.
Во една чинија сипете ја течната павлака (неутрална) и помешајте ја со содржината од кесичката за зачинот „пилешко со 4 вида сирење“. Овој зачин дава одличен шмек на ваквите јадења и ги прави вистински деликатес.
Наместо овој зачин вие можете да додадете нешто друго по ваш вкус. Добро промешајте за да се раствори зачинот, па залијте ги пиперките. Одозгора врз секоја пиперка ставете малку рендан кашкавал.
Вака приготвените пиперки прекријте со алу-фолија (под неа може да ставите и парче хартија за печење) и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени приближно еден час.
Извадете ја фолијата и печете ги уште 10-тина минути или колку да заруменат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Полнети пиперки со преубав фил во интересна комбинација – Овој рецепт злато вреди!“ – ОВДЕ:
Полнети пиперки со преубав фил во интересна комбинација – Овој рецепт злато вреди!