Потребни состојки:
500 г свинско од бут
500 г мелено месо
500 г јунешко
500 г суво месо
500 г црвени пиперки сечкани на коцки
800 мл доматен сос
Маст за пржење на сечкан кромид (1-2 главици)
Сол, црн пипер, чили во прав, црвен пипер
Постапка:
Во голем лонец загрејте маст и пропржете го кромидот, па додадете го месото (би било добро ако посебно го пржите). Пропржете го и додадете црвен пипер. Рерната вклучете ја на 180 степени.
Месото зачинете го и залијте го со доматен сос. Оставете да зоврие. Целата содржина префрлете ја во огноотпорен сад, поклопете и ставете во рерна на околу 2 часа. Ако сакате на крајот можете да додадете и кисела павлака.
За прилог користам кус-кус или палента.