Се чини како година од година да има сè повеќе комарци, а тоа се должи пред сè на благите зими, топлите и врнежливи пролети, како и уште потоплите лета. Порано нашите предци користеле природни репеленти, а особено ароматични билки за да ги одбијат нивните напади.
Сепак, доколку ве укаса комарец и почне неподносливо да ве чеша, најбрзо ќе го решите проблемот со билката „Вампиров лист“ (позната уште под имињата: „дебела кока“, „париче“ и др.).
Едноставно скинете еден зелен лист, од едната страна излупете ја тенката опна и веднаш залепете го листот на укасаното место. Чешањето поминува во истиот момент. Истото можете да го направите и со лист од чувар куќа.
Ако ги немате овие две лековити билки при рака, а дома имате медицински алкохол, тогаш измачкајте го местото и почекајте да испари, а потоа повторете уште неколку пати додека чешањето да се смири.
На истиот начин можете да употребите и дезинфекционо средство за раце кое во себе содржи алкохол. Ќе делува антисептично и нема да го почувствувате како вообичаено. Освен алкохол, за мачкање можете да користите и бел оцет.
Едноставно, натопете парче памук во оцетот и поставете го како облога. За кратко време ќе се смири чешањето. Ако имате многу убоди од комарци, тогаш наполнете ја кадата со топла вода и во неа истурете 1-2 чаши бел оцет, па спуштете се во бањата и оставете да делува 15-тина минути.
Исто така, на местото на убодот од комарец можете да ставите и ментол паста за заби. Ментолот ќе предизвика чувство на ладење кое мозокот многу побрзо го регистрира од чувството за чешање. Со истата цел можете да ставите и коцка мраз.
Можеби не сте знаеле, но можете да употребите и кора од банани. Кората содржи шеќери, па потребно е да се протрие кожата после убодот, а шеќерите ќе го смират чешањето и ќе ја извлечат течноста од местото. На ист начин можете да искористите и кора од лимон.
Се чини дека сепак сода бикарбоната најдобро делува кога станува збор за убоди од комарци. Алкалните својства ја неутрализираат рН вредноста на кожата и на тој начин го смируваат чешањето. Едноставно со сода и вода направете паста и нанесете на местото. За лековитите својства на „вампировиот лист“ прочитајте ОВДЕ.
Оваа билка е помоќна и од чувар куќа: Лекува чир во желудник, хемороиди и секакви други рани