Ако не сте задоволни вашиот семеен живот и имате чувство како во секој момент да ќе се распадне, децата не ве слушаат, мажот не се вртка дома…време е да се свртите кон мудрите совети на нашите баби, па доколку сметате дека вреди да се спаси бракот и семејството, тогаш обидете се и дајте му шанса со мали, но многу корисни промени.
Ова се упатствата што ми ги даде баба ми пред да се омажам, пред 30 години. Како што покажа времето, тие ми помогнаа да поминам низ сите брачни кризи, да избегнувам деструктивни конфликтни ситуации, да ја сочувам љубовта да не изгасне и да подигам и воспитам прекрасни деца.
Ова се советите на баба ми:
– Не се расправај со сопругот пред децата. Во спротивно, ако ги слушаат кавги тие ќе ја изгубат почитта кон вас и двајцата ќе го изгубите авторитетот. Резултатот е непочитување и непослушност на децата.
– Мажите се повеќе подготвени да помогнат отколку да следат наредби. Кога сакаш нешто од мажот, не му наредувај, туку замили го за помош. Најди начин со кој мажот ти самиот ќе посака да го направи она што сакаш.
– Најголема вредност е семејниот мир. Сочувај го, не биди тврдоглава, најди начин прва да му прозбориш и простиш за стореното што во моментот те разлутило. Не си легнувајте скарани без да се смирите.
– Не чисти ако си нерасположена и нервозна. Ако не си во мир со себе, само ќе создадеш поголем хаос и ќе ја пренесеш лутината и вознемиреноста врз другите членови на семејството.
– Немој да си мрзлива и труди се постојано да учиш нешто ново. Само образована мајка може да има паметни и добро воспитани деца.
– Не биди љубоморна без потреба, за да не си го уништиш семејството. Ако мажот ја сака и почитува својата жена, тогаш никогаш нема да ја изневерува. А ако не си сигурна во лојалноста на мажот за кој се мажиш, тогаш воопшто не стапувај во брак со него. Ништо добро не произлегува од претераната љубомора.
– Секогаш подготвувај вкусна храна и убаво послужувај ја со декорации и убаво наместена трпеза. Ако немаш време за секојдневно да готвиш убави јадења, практикувај ваква трпеза бареш еднаш неделно кога сите членови треба да се соберат. Мажот не е животно што само јаде што и да му се сервира пред него.
-Почитта е главната работа во семејството. Ако има почит, ќе има љубов која ќе трае вечно.