На многу лесен и едноставен начин решете се од досадните напасници кои ви ја расипуваат секоја вечер. Само нанесете паста за заби врз хартиена салветка и ќе го решите проблемот. Ако и вие сте едни од луѓето кои се магнет за комарци, обидете се овој трик.

Нанесете паста за заби врз хартиена салветка и распоредете преку површината во тенок слој. Потоа свиткајте ја салветката како „фитил“. Додајте повеќе паста за заби од надворешната страна.

Поставете го фитилот во стаклена чаша или теглички и запалете го. Фитилот споро ќе согорува поради пастата, а чадот ќе ги растера комарците, но и другите инсекти. Ова правете го само на отворено и во добро обезбеден сад.

Исто така, во некој посебен сад ситно искршете 1-2 круга од спиралата против корамци, ставете малку оцет 20-тина милилитри, неколку капки течен сапун и малку вода 15-20 мл.

Оставете го садот на маста каде најмногу има комарци, муви и други непријатни инсекти. За кратко време веќе нема да ги видите на тоа место. Целата видеопрезентација можете да ја погледнете ОВДЕ.