Добредојдовте во нашето упатство за поправка на патент! Ќе ви покажеме како да го поправите расипаниот патент кој ќе може повторно да проработи како да е нов. Без разлика каде се наоѓа вашиот патент, на ранец, чанта, јакна или панталони, ова упатство ќе ве води чекор по чекор до неговата поправка.
Најпрво ќе ви ги откриеме алатките што ќе ви бидат потребни за да ја извршите поправката. Комплетот за поправка на патент е најзгодната опција, бидејќи вклучува сè што ви е потребно. Сепак, овие комплети се наоѓаат само во специјализирани продавници и веројатно ако не сте кројач, го немате ниту комплетот.
Сепак, некои од домашните алатки како што се клешта, рипер-одшивач за шевови, игла и конец, би можеле да ви помогнат во процесот кој не трае подолго од две минути. Следно, ќе ви покажеме како да поправите патент кој излегол од „колосекот“.
Ова е вообичаен проблем кој лесно може да се поправи со повторно усогласување на „запците“ на патентот. Ќе ви покажеме како да го направите тоа со стандарден патент и со „невидлив“ патент.
Ако повлекувачот на вашиот патент е скршен или му недостига дел, ќе ви покажеме како да го замените. Можете да го замените со нов „повлекувач“ или наместо да него да ставите прстен од клучеви или да креирате нешто сосем поразлично по ваш избор, па дури и парче врвка.
Конечно, ќе разгледаме како да го поправите скршениот лизгач на патентот. Ако лизгачот е оштетен или заглавен, може да биде фрустрирачки проблем кој треба да се поправи. Но, не грижете се, сè ќе биде објаснето чекор по чекор и вашиот патент повторно ќе работи нешречено.
Значи, ако имате скршен патент на кој му треба поправка, задолжително погледнете го туторијалот подолу за сите совети и трикови кои ќе ви бидат потребни за поправка на еден патент – ОВДЕ.