Овие погачици ги правам редовно долги години за родендени, но и како „викенд грицкалици“, затоа што се приготвуваат многу брз, лесно и на наједноставен можен начин, а излегуваат доста.
Сите се сладиме во нивниот вкус, после печењето се меки како памук и убаво нараснати. Ќе ви откријам две варијанти на рецептот според кој ги приготвувам овие одлични печива, едниот со квасец, а другиот без, па вие одберете кој ви е поубав. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г ситно сирење, 1 коцка свеж квасец (40 х), 1 кг брашно, 250 г маргарин, 100 мл млака вода, 1 чајна лажичка сол, 1 чајна лажичка шеќер, 1 јајце
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (без квасец): 300 г фета сирење, 250 г маргарин, 300-350 г брашно и уште: 1 јајце за премачкување (може да се премачкува и само со масло), сол ако сирењето не било солено и по желба сусам за наросување.
ПОСТАПКА за рецепт 1: квасецот иситнете го и растворете го во 100 мл млака вода со малку шеќер и малку брашно. Кога ќе добиете мазна и течна смеса со конзистенција на јогурт, оставете 10-тина минути на топло место за да се активира квасецот и да запени.
Брашното просејте го во некој подлабок сад, во средината набравете вдлабнување како бунарче, па тука сипете го активираниот квасец, јајцето на собна температура, растопениот путер, ситното сирење и солта.
Замесете тесто кое по конзистенција треба да биде средно меко, компактно и мазно. Замесеното тесто оставете го покриено да ферментира во топла просторија приближно половина час или колку што е потребно за да го удвои волуменот.
Потоа премесете го и развлечете го во колку што можете потенка кора. Кората свиткајте ја во ролат. Оставете го да одмори уште 15-тина минути, а потоа тој ролат развлечете го повторно со оклагија во кора со дебелина од 1 см.
Со помош на модла или чаша вадете ги погачиците. Можете да сечете и квадрати или долгнацести правоаголничиња како стапчиња. Погачиците редете ги во плех обложен со хартија и оставете ги да одморат 10-15 минути или додека се загрева рерната.
Одозгора премачкјате ги со изматено јајце и поросете ги со сусам или мешавина од ситно семе по ваш избор. печете ги половина час во загреана рерна на 200 степени. Следи постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 2: Изронете го сирењето, додајте го маргаринот омекнат на собна температура па со рака измесете додека да се соединат двете состојки. Потоа започнете постепено да го додавате брашното.
Продолжете со месење додека да добиете компактно тесто. Оставете го покриено да отстои во фрижидер околу половина час. Потоа развлечете не многу тенка кора, па вадете ги погачиците со чаша или сечете коцки.
Погачиците редете ги во плех обложен со хартија за печење или намастен со масло или маргарин, па оставете ги 10-тина минути, таман додека да се загрее рерната на 200 степени. Одозгора премачкјате ги со изматено јајце и печете ги 20-тина минути или додека да заруменат.