Потребни состојки:

250 г брашно

3 лажици шеќер во прав

1 јајце

125 г путер/маргарин

2 лажици ладна вода

1 лимон – рендана кора

1 ванилин шеќер

1 прстофат сол

За фил:

450 мл млеко

100 г густин

125 путер/маргарин

2 жолчки

500 мл слатка павлака за шлаг

100 г шеќер

1 ванилин шеќер – бурбон

и уште:

околу 700 г кајсии, вишни или праски, свежи или исцедени од компот

Постапка:

Во еден сад ставете брашно, додадете путер исечкан на листови и сите останати состојки за тестото, па замесете мазно тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете да одлежи во фрижидер додека се приготвува филот.

Во 200 мл млеко разматете го густинот и жолчките. Остатокот од млекото, путерот, слатката павлака, шеќерот и ванилин шеќер се ставаат на оган да зоврие, па се додава густинот и се вари со постојано мешање додека да згусне, исто како за пудинг.

Тестото се развлекува во малку поголем круг (33) од калапот (26). Се става во калапот намастен со масло, тестото малку се притиска покрај ѕидовите на калапот.

Кајсиите се преполовуваат и се ставаат врз тестото со исечените страни кон долу.

Сварениот крем се излева во калапот врз кајсиите. Се израмнува и се става во загреана рерна на 200 степени да се пече 35-40 минути.

Печениот колач се остава да излади.

Се послужува добро изладен колач.