Секоја домаќинка има свој рецепт за јафа торта, а најмногу се разликуваат по неколку состојки, но една од најпопуларните и најпознатите е „бинго“ тортата. Мека чоколадна кора премачкана со 3 неодоливи филови, а помеѓу секој омилен бисквит се редат јафа бисквити.
На крајот се прелива со чоколаден шлаг. Ако не сакате да вклучувате рерна, наместо да печете пандишпан, наредете бисквити помеѓу филовите. А, кога станува збор за филовите, можете да комбинирате жолт и кафеав фил, или пак, само жолт, односно кафеав.
Ретко кој може да одолее на оваа совршена торта, а идеална е за секакви прослави, особено за детски родендени. Излегува навистина голема, секој може да ја направи за кратко време. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТОТ: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 6 лажици мелени ореви, 1 лажица какао, 4-5 лажици сок од портокал. ЗА ФИЛОТ СО ПЛАЗМА: 300 г мелена плазма, 200 мл сок од портокал, 200 г путер, 150 г шеќер во прав.
ЗА ФИЛОТ СО ВАНИЛА: 1 литар млеко, 120 г пудинг од ванила, 400 г путер, 300 г шеќер во прав, 100 г чоколадо за готвење, 3 кутии јафа кекси, 400 г плазма бисквити, 200 мл сок од портокал. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 180 г шлаг со вкус на чоколадо, 450 мл млеко.
ПОСТАПКА ЗА БИСКВИТОТ: Одделете ги жолчките и белките, а потоа изматете ги жолчките со 5 лажици шеќер. Потоа изматете ги белките додека да се стегнат во цврста пена со една лажица шеќер. Лесно соединете ги двете смеси и додајте просеано брашно, какао и мелени ореви.
Измешајте и излејте ја смесата во плех, обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 180°C приближно 20-30 минути. Готовата кора избоцкајте ја со чепкалка и прелијте ја со сок од портокал.
ЗА ФИЛОТ СО ПЛАЗМА: Мелената плазма измешајте ја со сок од портокал и убаво соединете. Се мати путерот со шеќерот во прав и се мешаат двете смеси, па се мати со миксер додека да се добие едноличен крем.
ЗА ФИЛОТ СО ВАНИЛА: Измешајте го пудингот со 300 мл млеко и убаво измешајте да нема грутчиња. Во тенџере сипете го преостанатото млеко со шеќерот и кога ќе се загрее додајте го измешаниот пудинг. Гответе додека да се згусне со постојано мешање. Истурете во сад, покријте го со фолија и оставете да се излади.
Изматете го путерот на собна температура со шеќерот во прав додека да запени, па додајте го изладениот пудинг. Добро измешајте со миксер. Поделете го филот на 2 еднакви дела, па во едниот додајте го растопеното чоколадо и убаво измешајте.
Премачкајте го бисквитот со плазма филот, па наредете јафа кекси натопени во сок од портокал. Потоа намачкајте го филот со ванила пудинг, па наредете ги плазма бисквитите или обични бисквити кои сте ги потопиле во сокот од портокал.
Одозгора намачкајте го чоколадниот фил. Целата торта декорирајте ја со шлаг со вкус на чоколадо. Наместо шлаг, можете да декорирате и со чоколадна глазура. Тортата треба да отстои во фрижидер пред послужување. Втората верзија од рецептот со видеопрезентација погледнете го ОВДЕ.