Орхидејата е едно од најубавите растенија што можете да ги одгледувате во вашиот дом. Ова цвеќе се смета за симбол на љубов и нежност, а се верува и дека е една од водечките амајлии за женска среќа.
Според народното верување, се смета дека ова растение има силни енергетски потенцијали. Исто така, се смета за исклучиво женски цвет со силна женска енергија, па се верува дека им носи посебна среќа за жените.
Ако имате орхидеја во куќата, се верува дека жените ќе бидат посреќни, подобро расположени, па дури и попривлечни.
Важно е правилно да се грижите за вашата орхидеја, а за многу домаќинки овој процес претставува предизвик, затоа што и најмалата промена кај орхидеите може да придонесе до нивно сушење и овенување.
Со цел орхидеите правилно да бидат негувани подолг период, важно е и правилно да се наводнуваат и прихрануваат. Орхидеите мора да бидат прикрепени за соодветен супстрат, да имаат здрави корења и чисти, зелени листови без дамки на нив кои можат да бидат знак за некое заболување.
За наводнување најдобро е да се користи филтрирана вода која отстојала на собна температура. Уште подобро е кога оваа вода би ја претвориле во витамински еликсир за орхидеите и со неа да ги наводнувате, да ги прскате и да им ги пребришувате листовите. Еве како се подготвува:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ И ПОСТАПКА: Земете еден морков, добро измијте го и исечете го на помали парчиња. Ставете го во блендер, па со еден литар филтрирана вода измиксајте го најмногу што можете.
Ако немате толку силен блендер, претходно изрендајте го морковот, па потоа изблендирајте го со водата. Добиениот сок процедете го низ ситно сито или газа и истискајте ја пулпата за да излезе што повеќе сок.
Во добиениот процеден сок додајте уште еден литар филтрирана вода и промешајте. Вашиот еликсир е спремен за подготовка. Натопете памукче во оваа течност и нежно пребришете ги листовите од горната, но и од долната страна.
Потопувајте ги орхидеите на ниво од две третини на саксијата и заливајте ги со оваа течност. Во оваа течност можете да ги оставате да се натопуваат 20 минути. Потоа оставете ги добро да се исцедат, па вратете ги на нивното место.
Оваа течност-еликсир можете да ја претурате во шише со распрскувач и да ги прскате листовите и корењата. Внимавајте, не ги прскајте цветовите. Видеопрезентацијата од постапката можете да ја погледнете ОВДЕ.