Го имате ли и вие оној еден проблематичен дел од телото од чиј изглед никогаш не сте задоволни, без разлика колку се трудите да го доведете во ред? Експертите велат дека има научно објаснување за тоа! Имено, прекумерното дебелеење на уникатни области најчесто е резултат на хормонална нерамнотежа, покажуваат истражувањата.

„Начинот на живот, исхраната и генетиката играат голема улога, но добрата вест е дека има работи што можете да ги направите за да ги балансирате хормоните и да се ослободите од вишокот маснотии. Само прво треба да ја одредите причината”, забележува професорот по физиологија Сафран Вајтхед.

ЗА МАСНОТИИТЕ НА СТОМАКОТ, ВИНОВНИК Е КОРТИЗОЛОТ

Телото реагира на стрес со зголемување на лачењето на хормонот кортизол, кој ослободува енергија за „борба“ во стресни ситуации, а се покажува во форма на масти и гликоза, кои се складираат во централниот дел на телото, во близина на црниот дроб.

Обидете се да го минимизирате стресот, колку и да звучи клише. Јадете помали оброци неколку пати на ден за да го одржите нивото на шеќер стабилно. Се препорачува храна со низок гликемичен индекс, како што се јаболка, леб од цели зрна и индиски ореви. Не трчајте или вежбајте напорно повеќе од 45 минути, бидејќи тоа исто така, го стимулира производството на кортизол.

ГОЛЕМ 3АДНИК И ШИРОКИ БУТОВИ, ВИНОВНИК Е ЕСТРОГЕНОТ

Премногу естроген може да предизвика акумулација на маснотии на глутеусите и бутовите. Тие масни клетки произведуваат повеќе естроген, а за возврат се складираат повеќе масти во пределот на бутовите и глутеусот. Ако пиете премногу алкоxол, црниот дроб не може да го исчисти естрогенот од кpвта.

Фото: Илустрација

Додатоците од соја може да го намалат производството на естроген бидејќи го имитираат самиот естроген. Но, бидејќи премалку се знае за тоа, не јадете големи количини. Хранливите материи во брокулата ги регулираат ензимите на црниот дроб. Ограничете го месото и кафето, бидејќи го оптоваруваат црниот дроб.

Фото: Илустрација

ОТЕЧЕНИ ЗГЛОБОВИ, ВИНОВНИК Е ПРОГЕСТЕРОНОТ

Отечените зглобови често се резултат на задржување на течности, што може да биде предизвикано од недостаток на прогестерон. Прогестеронот делува како диуретик, исфрлајќи го вишокот течност од телото. Храната богата со витамин Е може да го стимулира производството на прогестерон.

Тука се вклучуваат семки од сончоглед и путер од кикирики. Намалете го внесот на натриум, бидејќи е клучен за регулирање на крвниот притисок и нивото на течности во нозете и зглобовите. Избегнувајте преработена храна како готови, индустриски производи. За да го подобрите хормонот за раст, спијте доволно – тој се ослободува само ноќе кај возрасните.

НАДУЕНО ЛИЦЕ, ВИНОВНИК Е ТИРОКСИНОТ

Отеченото лице и врат може да бидат резултат на премалку тироксин, хормон кој го произведува тироидната жлезда. Неактивната тироидна жлезда го успорува метаболизмот, што може да предизвика надуеност. Се препорачува земање додатоци на селен, што му помага на вашето тело поефикасно да го користи тироксинот.

Ако седите многу, користете квалитетна опрема за да бидете сигурни дека седите исправено и правете паузи. Доколку забележите дека сте крајно уморни и необјасниво се дебелеете, консултирајте се со доктор.

МАСНИ НАСЛАГИ НА НАДЛАКТИЦИТЕ, ВИНОВНИК Е ТЕСТОСТЕРОНОТ 

Човечкото тело произведува хормон наречен DHEA (дехидроепиандростерон), кој се претвора во тестостерон. DHEA помага да се изгради мускулна маса. Кога нивото на тестостерон паѓа премногу ниско, мускулната маса може да се замени со маснотии. Ова е најзабележливо на надлактиците, каде се наоѓаат големи мускули.

Нивото на тестостерон кај жените опаѓа со возраста – тие го достигнуваат својот врв во дваесеттите години и се намалуваат за половина до менопаузата. Но, одредени видови храна помагаат. Јадете повеќе протеини, како риба, јајца, тофу и јаткасти плодови. Цинкот, магнезиумот и витаминот Б6 исто така го зголемуваат производството на тестостерон.

НАСЛАГИ НА ГРБОТ – ВИНОВНИК Е ХОРМОНОТ ЗА РАСТ

Прстените што се прелеваат преку задниот дел на градникот кај жените може да се должат на ниските нивоа на хормонот за раст. Во текот на ноќта, женската хипофиза ослободува хормон за раст, кој ги стимулира масните клетки да ослободуваат енергија за поправка на телесните ткива.

Фото: Илустрација

Истражувањата покажуваат дека храната богата со мелатонин, како што се малините, може да го зголеми лачењето на овој хормон. Мелатонинот го активира ослободувањето на хормони кои му кажуваат на вашето тело дека е време за спиење. Друга студија покажа дека храната богата со аминокиселина глутамин, како што е јогуртот, може да го зголеми производството на хормон за раст.