Едно од најубавите пролетни и летни јадења е секако и мусаката со тиквички. Кога станува збор за ова јадење, секоја домаќинка си има некој свој рецепт за мусака, а многу од нив сакаат да експериментираат, па додаваат различни намирници и зачини кои ова јадење го прават апсолутно совршено.
Кога се стоплува времето, многумина повеќе ја сакаат мусаката од тиквички, отколку стандардната. Во овој период тиквичките можат да се најдат и доста евтино, а во продолжение на текстот прочитајте го најдобриот рецепт.
Се сложува ред компир, па ред тиквички, па сочно мелено месо и на крај сето се залива со бешамел сос и се наросува со пармезан или кашкавал по избор. Вака приготвената мусака е дефинитивно една од најдобрите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 750 г компир, 750 г тиквички, 750 г мелено месо, 1 мала конзерва сечкани пелати (или доматен сос), 3 мали главици црвен кромид, 2-3 чешниња лук, 3-4 гранчиња рузмарин, 3-4 гранчиња мајчина душичка, 1 чајна лажичка ким, 1/2 чајна лажичка цимет (зачините се по избор)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бешамел: 500 мл млеко, 250 мл булјон од зеленчук (или растворена коцка за супа), 150 г рендан пармезан или кашкавал по ваш избор, 100 г путер, 100 г брашно, 2 јајца, 1/4 чајна лажичка мускатно оревче
ПОСТАПКА: Свежите билки (рузмарин и мајчина душичка) исчистете ги, па ситно исечкајте ги. Компирот исечете го на тркалца, а црвениот кромид на полумесечинки. Измешајте ги во еден подлабок сад, па посолете, запиперете и додајте зачини и прелијте со маслиново масло.
Добро промешајте за рамномерно да се распоредат зачините. Компирот наредете го на дното од тепсијата па ставете да се потпече во загреана рерна на 200 степени, приближно 20-25 минути колку да омекне и малку да зарумени, а подоцна ќе се допече.
Во друг сад помешајте ги тиквичките исечени на тркалца и исечениот црвен кромид на лентички, па посолете, запиперете и додајте зачини. Прелијте со маслиново масло и добро промешајте. Вака зачинетите тиквички рамномерно распоредете ги преку компирите, па продолжете со печење уште 20-тина минути.
За тоа време, во тиган загрејте малку масло и запржете сечкан црвен кромид, како и рендан лук. Кога ќе омекне кромидот додајте го меленото месо и промешајте. Зачинете го по вкус и пржете со повремено промешување додека да ја промени бојата и да испари вишокот течност.
Пред крај додајте го доматниот сос (сечканите пелади) и продолжете со динстање додека целата течност да испари. Во тенџере растопете путер и додајте брашно. Малку пропжете го, па започнете постепено да го додавате млекото. Варете со непрекинато мешање.
Додајте го булјонот и зачините и варете додека да згусне. Тргнете го тенџерето од оган, па додајте го пармезанот и јајцата. Добро промешајте. Третина од сосот сипете во месото и промешајте. Потоа меленото месо распоредете го врз тиквичките.
Врз месото сипете го преостанатиот бешамел сос, па одозгора наросете рендан пармезан/кашкавал. Вратете го јадењето во рерна и печете го уште 30-35 минути. Оставете малку да подизлади во тепсијата (20-тина минути), па сечете и послужете. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.