Тиквичките се одлично летно јадење, изобилуваат со витамини, па затоа искористете ги максимално додека се во сезона. Тиквичките може да се подготвуваат на најразлични начини, но се чини дека најобожавани се кога се похувани или во мусака од тиквички, со многу кашкавал. Се подготвуваат брзо, а што е најважно, со нив се подготвува економично јадење.
„Неодамна го пронајдов рецептот на Анита за похувани тиквички. Многу ми се допадна, поради тоа што дома немав јајца, па овој рецепт беше одличен за подготовка. Тиквичките ги похував без јајца и брашно и сите останаа воодушевени од нивниот вкус.
Потоа, ги подготвив за викендот по повод роденденот на сопругот, а еден од гостите кој има своја кафеана ми го побара рецептот за да го внесе во своето мени. Рече дека со овој рецепт ќе заштеди, а притоа е многу вкусен. Веднаш му го напишав рецептот на еден лист, а сега решив да го споделам и со вас.“ Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/2 чаша презла, 1/2 чаша пармезан или тврд кашкавал, 1 лажичка сол, 1/2 лажичка црн пипер, 1 лажичка лук во прав или во гранули, 3 супени лажици маслиново масло, 3 средни тиквички. Доколку рецептот е наменет за двајца до тројца, доколку подготвувате за повеќе луѓе, зголемете ги соодветно количините.
ПОСТАПКА: Тиквичките добро измијте ги и исушете ги пред да започнете со нивната подготовка. Пресечете ги двата врвови од секоја тиквица и исечете на средни кругови. На истиот начин подгответе ја и втората и третата тиквица или доколку подготвувате повеќе тиквици, подгответе ги на истиот начин.
Пренесете ги тиквиците во подлабок сад и посолете и запиперете ги. Додајте 1 лажичка лук во прав или во гранули (каков и да имате), па сипете 3 лажици маслиново масло или малку повеќе. Измешајте ги тиквиците со лажица, па со рака за секое парче добро да се зачини и намасти.
Настрана изрендајте го пармезанот или тврдиот кашкавал на најкрупната страна од рендето. Ставете го пармезанот во еден подлабок сад и измешајте го со иста количина на презла. Подгответе си еден поголем плех, обложете го со хартија за печење или малку намастете го на дното.
Извалкајте го секое парче одделно во мешавината од пармезан и презла од двете страни, па редете на плехот (тиквиците не треба да се допираат). Подгответе ги сите тиквици на истиот начин. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 или 220 степени, па печете ги тиквиците само 20-тина минути.
Доколку забележите дека кашкавалот или пармезанот почнал да загорува, намалете ја температурата. Тиквиците излегуваат крцкави и многу вкусни, како да се подготвени со јајца. После овој рецепт, постојано ќе ги подготвувате вака. Деталите погледнете ги ОВДЕ.
ПРОЧИТАЈТЕ СЛЕДНО: Сите мои пријателки знаат да похуваат тиквички, но постојано го бараат мојот рецепт, одлични се за ручек – ОВДЕ.