Следете ги внимателно сите упатства.
Од вечер натопете две лажички ленено семе во една чаша вода (200 мл) и оставете најмалку 12 часа.
Кога ќе станете рано наутро, прво испијте половина чаша топла вода.
Потоа испијте ја течноста а лененото семе изедете го полека џвакајќи го. Ова е добро и за гастритис и други проблеми со желудникот.
Малку потоа испијте го сокот од цвекло и лимон кој сте го приготвиле од вечер: изрендајте еден корен цвекло и измешајте го со сок од еден лимон. Наутро исцедете го сокот и испијте го, или изедете ја целата мешавина. Овој сок ќе го пиете 10 дена, ќе направите пауза од пет дена, па ќе продолжите уште шест дена.
По половина час или еден час, измешајте лажица мед со три лажички цејлонски цимет. Ова полека лижете го, постепено да ви се раствори во устата. Не треба одеднаш да го голтнете. Ова исто така е добро и за имунитетот.
Изедете еден цел орев, пред ручек и пред вечера уште по еден. Треба да изедете вкупно три ореви во денот.
Во текот на денот треба да испиете вкупно еден литар чај од магдонос: 10 гранчиња измиен свеж магдонос ставете во еден литар ладна вода, па кога ќе зоврие оставете да се готви уште 2-3 минути, се гаси шпоретот и се остава така додека да излади. Чајот преточете го во шише и носете си го на работа или каде и да одите, па пијте го наместо вода.
За ужина или појадок ќе ја консумирате следната мешавина, во две варијанти:
Потребни состојки:
50 г сусам
50 г сончогледови семки
100 г ленено семе
50 г семки од тиква
цимет и ѓумбир во прав
Прва варијанта:
Во две-три лажици јогурт (може и повеќе) додадете една лажица ленено масло, па додадете ја мешавината од семки и зачинете со цимет и ѓумбир.
Втора варијанта:
По една чајна лажичка сусам, семки од тиква и сончоглед, две лажички ленено семе, свежо сомелете ги (не правете резерва од мелено семе, затоа што многу брзо оксидира), додадете малку цимет и ѓумбир, па вмешајте го ова со јогурт, свежа лимонада или свеж сок од ананас.
Во текот на денот испијте барем една шолја чај од корен од глуварче.