Ако ги сакате тиквичките, тогаш ова мора да го пробате: плескавици од три состојки, тиквички, компир и уште нешто, врвен вкус што не се пропушта. Искористете ја сезоната на тиквичките и пригответе ги овие вкусни плескавици. Еве што ви е потребно според рецептот на Јелена Петровиќ:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 голем компир или два помали, 1 тиквичка со средна големина, 2 јајца, 250 г мелено месо, сол, мелен црн пипер, зачински црвен пипер во прав, 2 чешниња сечкан лук, 1 млад кромид или половина главица стар, малку рендан кашкавал
ПОСТАПКА: Тиквичката доколку е млада не мора да ја лупите, само измијте ја и отсечете ги двата краја, па изрендајте ја на крупната страна од рендето. Посолете ја, измешајте и оставете настрана да го ослободи сокот.
Компирот измијте го и излупете го, па изрендајте го на крупното ренде, па и него малку посолете го и оставете го неколку минути. Потоа истискајте го добро низ раце за да излезе од него што повеќе сок.
Исцедениот компир ставете го во подлабок сад, а потоа истото повторете го и со тиквичката. Приближно, односот меѓу тиквичката и компирот треба да е 1:1, односно колку компир, толку и тиквичка.
Во мешавината додајте што поситно исечкан кромид, ситно сечкан лук или истиснат низ преса, слатка пиперка во прав, малку мелен црн пипер и две јајца. Потоа во мешавината додајте 250 г мелено месо (по избор) и измесете со рака или во „сечко“ добро да се изедначи.
Плескавиците можете да ги обликувате со рака или со лажица, но најдобро е користите модли за крофни, за да бидат сите подеднакво исти. Плескавиците обликувајте ги директно во плех обложен со хартија за печење.
Одозгора наросете ги со рендан кашкавал, па ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени, приближно половина час или додека убаво да заруменат. Видеопрезентацијата на Јелена погледнете ја ОВДЕ.