Никој од нас не ги сака брчките и на разни начини се борат со нив. Ова е природен рецепт кој со генерации се користи.

Оваа маска е идеална за вашата кожа, ја исхранува, ја чисти и ја разубавува. Состојките од кои се приготвува се природни и немаат штетни дејства како многубројните производи.

Главна состојка: кокошкино јајце

Белките од јајцата, поради ефектот за зацврстување, се одлични за масна и кожа склона кон акни, а покрај тоа, тие можат и малку да го успорат стареењето – ги стеснуваат порите и ги затегнуваат малите брчки. Жолчките, пак, се идеални за сува кожа – содржат масти и холестерол кои ја хидрираат кожата, и ретинол кој ја подмладува кожата.

РЕЦЕПТОТ НА БАБА МИ

Потребни состојки:

1 свежо исцеден лимон и белка од 4 јајца, за поголема количина.

За една употреба доволна е белка од едно јајце и малку лимонов сок. За да не го сечете целиот лимон, доволно е да дупнете со нож или дезинфицирана игла за плетење, па да истискате сок онолку колку што ви е потребно.

Постапка:

Измешајте ја белката со половина лажица лимонов сок и добиената смеса нанесете ја на лице. Ќе почувствувате благо затегнување, но оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете.

Белката од јајцето како природна белковина ќе делува измазнувачки врз кожата, а со тоа ќе ги намали брчките.