Сакам да ве потсетам на едни, многу вкусни и ситни колачи кои секогаш се јадат први на трпезата, кога и да ги направам, без разлика дали се работи за роденден, слава или без посебен повод. Рецептот го имам веќе 5 години од каналот „Домашни рецепти и многу ме потсетува на младоста, кога ги јадевме овие колачи.“
Уште едни ситни колачи идеални за сите прослави, како и за празници. Брзо се прават, а добивате прекрасни мали бајадери. Вистинско уживање за оние кои сакаат кикирики. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 мл вода, 180 г кристален шеќер, 75 г маргарин, 200 г блендирани кикирики, 250 г мелени бисквити (плазма), 80 г темно чоколадо, 100 г бело чоколадо. ЗА ГЛАЗУРА: 120 г темно чоколадо, 2 лажици масло.
ПОСТАПКА: Најпрво изрендајте го темното чоколадо, за да не губите време подоцна, бидејќи се додава во топлата смеса, за да може веднаш да се растопи. Во едно тенџере измерете и ставете 180 г шеќер, па прелијте со исто толку вода. Малку промешајте и вклучете ја ринглата на средна температура.
Повремено промешувајте додека шеќерот да почне да се топи во водата. Кога ќе зоврие додајте го маргаринот и почекајте да се растопи и да зоврие, гответе уште 1 минута. Потоа, се трга од оган и се додаваат мелените кикирики и 200 г мелени бисквити од вкупната количина.
Соединете добро со лажица и поделете ја смесата на два еднакви дела. Во едниот дел додајте го ренданото чоколадо и енергично измешајте додека целосно да се растопи. Доколку смесата малку ви се оладила, може да ја ставите на рингла повторно додека да се стопи и соедини. Во втората смеса додајте ги преостанатите 50 г мелени бисквити и соединете.
Во мал плех или калап обложете хартија за печење и истресете ја целата бела смеса од бисквит и израмнете ја (во видеото тоа го направив со чаша, бидејќи така ми е полесно за израмнување). Во микробранова печка се топи белото чоколадо или се вари на пареа. Загрејте во микробранова печка 15 секунди додека да се растопи чоколадото.
На првиот слој премачкајте го растопеното чоколадо и ставете го калапот во замрзнувач да се стегне 5-10 минути. Препорачувам бело млечно чоколадо бидејќи чоколадото за готвење навистина не се топи добро. Ако сакате посна бајадера од кикирики, изоставете го чоколадото.
Извадете го калапот од замрзнувачот и одозгора излејте го чоколадниот дел, па израмнете го и него со помош на чаша. Доколку се случи другиот дел да се излади и ви се чини дека нема да може убаво да се излее над чоколадото, загрејте го малку. На тивок оган сè повторно ќе се растопи, но потоа малку изладете го, не го излевајте директно од рингла.
Израмнете, па веднаш подгответе ја глазурата. ЗА ГЛАЗУРА: Чоколадото и маслото измешајте ги и ставете ги во микробранова печка (по 15 секунди додека да се загрее) или на пареа и растопете ги заедно. Прелијте ја бајадерата и одозгора наросете ја со блендирани кикирики по желба. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.