Канадскиот клинички психолог и професор по психологија Џордан Петерсон сподели девет правила на кои ги научил своите деца кога биле мали. Џордан Петерсон е познат канадски професор по клиничка психологија на Универзитетот во Торонто, а неговите ставови влијаат на луѓето ширум светот.
Го следат милиони и ги обожаваат предавањата на психологот, а овој експерт секогаш се труди да пренесе некои практични совети кои можат да ни го олеснат животот. Темите на неговите предавања се многу разновидни.
Од една страна, најмногу го прославија неговите остри критики на постмодернизмот и политичката коректност. Од друга страна, познати се и неговите совети за младите како да преземат одговорност за својот живот и како да се справат со големиот број, сè побрзи политички и културни промени.
Во моментов тој се смета за најголемиот борец за правото на слобода на говор во Канада. Достоевски и Карл Јунг имаат најголемо влијание врз неговата работа, начин на размислување и разбирање на светот.
Објаснувајќи го човечкото однесување, некако како Јунг, Петерсон користи митови и религија, верувајќи дека тоа се темелите на филозофијата на денешната западна култура. Кои правила ги користел за воспитување на своите деца?
Петерсон на пример, оставал децата да се научат сами да го прават она што можат според возраста и никогаш тој самиот не правел ништо за нив, за кое сметал дека детето може само да го направи.
-Тоа правило е вистински хаос, бидејќи ни се потребни 15 секунди за да облечеме двегодишно дете, но ако дозволите двегодишно дете самото да се облече, тоа се протега до 15 минути или половина час, бркајќи го наоколу куќата…хаос!
Меѓутоа, ако им дозволите да научат сами да се облекуваат, повеќе нема потреба да ги облекувате. Тие научуваат сами да го прават тоа! Истото го правите и со местењето на масата, со сето она што ќе процените дека децата можат сами да направат, рече Петерсон во една пригода.
Еве ги правилата:
1. Не гризи или удирај освен во самоодбрана. 2. Не мачи или малтретирај деца ако не сакаш да завршиш во затвор. 3. Јади цивилизирано и пристојно за луѓето да бидат среќни кога ќе дојдете кај нив дома и со задоволство да ве послужат со храна.
4. Научи да споделуваш за другите деца да си играат со тебе. 5. Слушај кога разговараш со возрасните за да те мразат и да можат да те научат на нешто. 6. Оди на спиење смирено и како што треба за да можат твоите родители да имаат време и за себе и да не бидат разочарени од твоето постоење.
7. Грижи се за твоите работи, бидејќи мора да научиш како и затоа што си среќен што ги имаш. 8. Биди добро друштво кога се случува нешто забавно – за да бидеш поканет на забави. 9. Однесувај се така што луѓето да бидат среќни што си со нив, па ќе те сакаат во нивна близина. Повеќе можете да слушнете ОВДЕ. Неговиот осврт за дете-психопат слушнете го ОВДЕ.