Нашите мајки и баби одлично знаеле дека нема подобро од природниот лек, а лукот на сите им е познат како чудо во народната медицина. Еве неколку одлични совети кои се многу практични и ефикасни:
ЛУКОТ ЈА НАМАЛУВА БОЛКАТА ВО УВОТО И ГЛАВОБОЛКАТА
Болката во уво е многу непријатна појава, но со помош на едно чешне лук можете да се ослободите за многу кратко време. Еве како:
Едноставно ставете во увото едно исчистено цело чешне лук во увото, внимавајќи на големината и да не притискате премногу, односно да биде како чеп кој подоцна ќе можете да го извадите. На неколку места претходно со игла избоцкајте го.
Болката и воспалението за кратко време ќе поминат, а ќе почувствувате пријатна топлина како се шири по вашето уво. Од ова поминува и главоболка! Повторете ја постапката пред спиење и ако е можно нека остане да делува преку ноќ. Наутро ќе бидете како нови.
Лукот ја намалува високата телесна температура
Ова е идеално средство за децата. Ако вашето дете има висока температура од настинка, исечкајте лукче на тркалца и натопете ги во јаболкова киселина. Потоа натопете му ги стапалата на детето во оцетот. Ова секако важи при настинки. При висока температура од бактериска инфекција задолжително побарајте совет од лекар.
Излекувајте кашлица со лук. Сокот од лук е многу ефикасен кога станува збор за лекување на кашлица, а сирупот се приготвува според следниот рецепт:
Потребни состојки: 1 главица лук и 2-3 лажици домашен мед
Постапка: одберете убава главица лук со средна величина. Лукот излупете го и исечкајте го. Ставете во подлабок сад и прелијте со мед. Садот прекријте го со некоја тацна или фолија, па оставете на собна температура да отстои преку ноќ. Следниот ден наутро, смесата процедете ја низ густа газа или цедалка. Тоа е доза за еден ден.
Консумирајте по една лажица сируп на секои два часа, можете и почесто. Сигурно за кратко време ќе почувствувате олеснување и набрзо ќе ја искашлате слузта.
Лек за висок холестерол. Рецептот со лук, мед и јаболков оцет: еве како можете да го направите сами своето медицинско чудо…
Следните состојки ставете ги во блендер: 1 чаша јаболков оцет, 1 чаша мед и 8 лукчиња
Постапка: Блендирајте ја смесата околу 60 секунди. Потоа ставете ја стаклен сад. Оставете ја да одстои во фрижидер 5 дена. Нормалната доза е две супени лажици во чаша вода или овошен сок од грозје или сок од портокал пред појадок.
Нивото на штетниот холестерол значително опаѓа кај луѓе кои го козумирале овој магичен пијалок. Една студија на 261 возрасни пациенти од Германската асоцијација на општи лекари, тврди дека серумскиот холестерол и триглицеридите – фактори поврзани со ризикот од кариоваскуларни болести значително се намалил од редовна употреба на лук и оцет во храната.
Во рок од само неколку недели, болните можат да ги извршуваат своите вообичаени активности, благодарение на овој едноставен тоник.
Лек за херпес. Лукот е природно антивирусно средство, а со негова помош можете лесно да го излекувате херпесот.
Истолчете 2 чешниња лук и помешајте ги со 1 супена лажичка павлака, 1 супена лажичка брашно и 1 супена лажица мед. Ќе добиете одлична домашна маст против херпес, со која треба да се мачкате неколку пати на ден.