Ако досега не сте ги пробале, ќе се изненадите од вкусот и повеќе нема да можете без нив!
потребни состојки:
100 г путер (на собна температура)
3 главици лук
1 леб исечен на парчиња
2 супени лажици сечкан магдонос
200 г рендано тврдо сирење/кашкавал
прстофат сол
Постапка:
1.Извадете го путерот од фрижидер за да омекне на собна температура.
2.Пресечете го врвот од главиците лук, така да се гледаат врвовите на сите чешниња.
На тепсија ставете хартија за печење а одозгора алуминиумска фолија. Врз фолијата ставете ги главиците лук и поросете ги со малку маслиново масло. Испечете ги во рерна на 200 степени, околу половина час.
3.Кога лукот ќе излади, истиснете ги чешнињата од лушпата и крупно насечкајте ги.
4.Изрендајте сирење/кашкавал (најдобро пармезан). Измешајте: магдонос, лук, пармезан и сол со путерот.
5.Лебот исечете го на парчиња и секое парче премачкајте го претходно приготвената смеса. Запечете ги во загреана рерна (на 250 степени) околу 3-4 минути.
Уживајте!