Потребни состојки:

500 г мелено месо

2 големи главици кромид

100 г ориз

100 г суво месо

1 главица кисела зелка

Сол, црн пипер, вегета

100 мл минерална вода

За сос:

6 лажици масло

4 лажици брашно

2 лажици црвен пипер

140 г домат од конзерва

Малку сол, црн пипер, вегета

2 литри вода

Постапка:

Зелката исчистете ја и измијте ја во ладна вода. На врвот од секој лист отстранете го коренот.

Во пластичен сад ставете месо, ориз, сечкан кромид или мелен, сечкано ситно суво месо, зачини и замесете со минерална вода. Оставете да отстои 10 минути за да се спојат вкусовите.

Започнете да ги правите сармичките така што на врвот од средината ставате малку од смесата со месо, отприлика една лажица, па свиткајте до крајот од листот, а со прстот потбутнете ги аглите кон внатре и од едната и од другата страна.

Така добивате фина сармичка која нема да се одмотува при готвењето.

Сармите наредете ги во длабока шерпа, покријте ги со чинија за да не летаат низ шерпата.

Во друга шерпа на загреано масло се пропржува брашното, па се додава црвен пипер, се меша да не се направат грутчиња и веднаш се додаваат 2 литри вода, домати од конзерва, зачини и се остава малку да провари.

Кога ќе зоврие, сармата се прелива со сосот и се остава да крчка на тивко, околу час и половина. Кога е готова, ја тргаме чинијата од сармите и можеме да послужиме.