Овој млечен леб е идеален за појадок особено за време на викендите и најдоброто нешто кај овие кифлички е што може да се замрзнат и да останат исти на вкус, како да се свежо печени. Кога ќе сакате да ги одмрзнете, ставете ги една минута во микробранова печка или четири минути во рерна. Моето семејство ги обожава овие печива кои може да се полнат со кашкавал и шунка и да се послужат како сендвичи. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г меко пченично брашно (тип 450, 480 или 500), 450 мл топло млеко, 100 г густ јогурт, 100 г путер на собна температура, 1 јајце и 1 жолчка, 10 г сув квасец или 30 г свеж квасец, 1,5 лажица шеќер (околу 10 г), 1,5 лажица сол (околу 15 г).
ПОСТАПКА: Измерете 800 г меко пченично брашно, па додајте го квасецот (јас користев сув квасец), 1,5 лажица сол, 1,5 лажица шеќер и само лесно измешајте со шпатула. Потоа, додајте 1 јајце и 1 жолчка на собна температура. Повторно промешајте, па сипете 100 мл малку растопен путер.
Пред да го ставите јогуртот малку промешајте, па потоа постепено излевајте го. Јогуртот треба да биде млак. Почнете да додавате 450 мл топло млеко. Мешајте додека да добиете фина и изедначена маса. Кога смесата ќе стане премногу густа и не можете да мешате со лажица, почнете да го замесувате тестото.
Месете го тестото онолку колку што е доволно за само да се измешаат сите состојки. Во овој момент не е неопходно премногу да се замесува тестото. Треба само малку да одмори и потоа можете да го замесите до потребната конзистентност. Тестото треба да биде многу меко, речиси и да се распаѓа.
Покријте го тестото и оставете го да отстои на собна температура најмалку 15 минути.
По 15 минути можете да го замесите како што треба. Работната површина наросете ја со многу малку брашно и месете го тестото приближно 5 минути. Во овој момент не додавајте премногу брашно.
Покријте го тестото и оставете го да нарасне на собна температура 30 до 45 минути.
Кога тестото ќе нарасне треба да изгледа како балон. По 45 минути пренесете го тестото на работна површина која е лесно набрашнета и обликувајте го, па поделете го на 24 еднакви делови.
Обликувајте го секој дел во топче, а кога сите парчиња ќе ги оформите, покријте со кујнска крпа и оставете да одморат на собна температура 10 минути. Потоа, развлекувате и подготвувате од првото обликувано топче кон последното. Земете го првото топче и развлечете го со оклагија во елипсовиден облик.
Доколку тестото е премногу лепливо, наросете со брашно. Јас преферирам да не наросувам брашно додека го развлекувам тестото. Завиткајте во тенок ролат и потоа извалкајте во брашно за да добиете фина долгнавеста форма (погледни видео).
Наредете ги кифличките во плех обложен со хартија за печење. На истиот начин направете ги и останатите кифлички. Важно е сите кифлички да се со иста форма и лесно да ги спуштате на плехот. Како што може да видите на сликата, јас ги редам по три во еден ред, така што малку се допираат.
Кога ќе го обликувате сите кифлички, покријте го плехот со кујнска крпа и оставете да нараснат на собна температура 30 до 45 минути. Кога ќе нараснат премачкајте ги со масло и печете во загреана рерна на 200 степени, 25 минути или во зависност од рерната.
Кога ќе се испечат кифличките премачкајте ги со уште малку масло или путер и оставете ги малку да се изладат. Овие кифлички се идеални за појадок и се многу погодни за замрзнување. Доколку сакате да ги замрзнете, ставете ги во кеса за замрзнување и ставете ги на рамна површина во замрзнувачот.
Кога сакате да ги одмрзнете, ставете ги во микробранова печка 1,5 минута во зависност од температурата или извадете ги навечер за следниот ден. Ролатите можете да ги одмрзнете и во рерна на 180 степени околу 4 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.