Посно!

Потребни состојки за 4 лица:

1 кг компир
100-150 мл маслиново масло
1 лажица сенф
Неколку лажици лимонов сок
1 црвен кромид исечкан на коцки
1 рака сечкан магдонос
1 лажица вегета, сол и црн пипер по вкус

Постапка:

Компирот излупете го и сварете го во солена вода.

Додека компирот се вари, направете маринада од сите состојки (освен магдонос).

Добро измешајте и оставете на страна додека компирот да биде готов.

Варениот компир исцедете го од водата и додека е топол исечете го на дебели коцки или тркалца.

Исечениот компир не чекајте да излади, туку веднаш прелијте го со дресингот и добро измешајте.

На крај наросете со магдонос. Оставете да излади или уште додека е млак послужете го.