Потребни состојки:

2 кори обланда

7 лажици млеко

200 г шеќер (може и во прав)

250 г путер/маргарин

150 г мелени ореви

200 г мелени бисквити

3 јајца

100 г чоколадо за готвење

2 кутии јафа/ресана кекси

Постапка:

Растопете го путерот на тивко, додадете млеко и шеќер, па мешајте додека да се растопи шеќерот. Додадете го и чоколадото, бисквитите и оревите, па на крај додадете и измиксани јајца. Кратко варете на тивок оган неколку минути. Оставете да подизлади.

Обландите малку скратете ги (околу 4 см).

Првата кора филувајте ја со половина од филот, потоа наредете јафа/ресана претходно натопени во млеко. Редете ги на растојание од еден прст. Посебно премачкајте го вториот лист обланда и преклопете ги кексите. Добро притиснете за да се распореди филот и помеѓу кексите.

Оставете преку ноќ да се стегне.

Наместо мелени ореви можете да ставите и 100 г кокос, кој како си сака.