Уште еден рецепт за совршено меко печиво наполнето со сирење, кое ќе направите за многу кратко време. Лесно се прави, се равлекува, па се филува и се тркала, а потоа се сече и се пече. Верувам дека ќе уживате во секој залак. Се добиваат 6 тркалезни ролати, кои потоа се сечат на помали печива.
Дечињата ги обожаваат поради тоа што со секој залак се чувствува филот од сирење. Може да се направат и посни, а во тој случај во тестото ставете 1 шолја вода наместо млеко, а филот направете го со пропржен кромид, малку лукче и рендан пропржен компир или по ваша желба. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл топло млеко (1 шолја), 35-40 г свеж или 8-10 г сув квасец, 1 лажица шеќер, 850 г меко брашно, 1 лажица сол, 300 мл вода, 70 + 30 мл масло, 500 г ситно сирење (1 лажичка сол ако сирењето не е солено), 150 г путер или маргарин, 1 жолчка + 1 лажица млеко за премачкување.
ПОСТАПКА: Квасецот издробете го во помал сад, додајте шеќер и прелијте сè со топлото млеко. Измешајте и оставете десетина минути да се активира квасецот. Во меѓувреме измерете го брашното, посолете го и измешајте. Додајте ја водата, активираниот квасец и 70 мл масло.
Прво измешајте сè со рачен блендер или со жица или маталка, а потоа замесете тесто. Замесеното тесто треба да биде меко и лепливо, да не се меси премногу. Намастете 30 мл масло на работната површина, спуштете го тестото и продолжете со месење додека тестото целосно да го впие маслото. Тестото веднаш поделете го на 6 еднакви делови и секој дел обликувајте го во топка.
Наредете ги топчињата на подмачканата површина, па секое премачкајте го со малку масло и покријте ги со кесичка, па со крпа и оставете да нараснат 30 минути. За тоа време измешајте го сирењето, солта по потреба и омекнатиот путер или маргарин.
Се зема тестото едно по едно и се развлекува на должина од околу 30 см и висина од 20-25 см. Измерете ширината на тестото да биде долга колку тесната страна на големата тава од рерната. Покријте ја целата површина на тестото со 1/6 од филот и свиткајте во ролна.
Ставете го ролатот во плех и исечете го со нож во цик-цак шема. Истата постапка повторете ја со преостанатите 5 парчиња тесто. Покријте сè со кесичка и крпа што сте ги користеле претходно и оставете 30 минути. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
Изматете ги жолчките со брашното и премачкајте ги печивата. По желба наросете со малку семки и кога рерната ќе се загрее ставете го печивото да се пече. Печете приближно 25 минути, зависи од вашата рерна и од тоа колку добро сте го подготвиле тестото.
За почетници, нека биде до светло кафена боја на врвот. Покријте го печеното со крпа и оставете го да се излади пред да го послужите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.