За оваа торта не ви е потребно дозерка, ниту чаша за да ги измерите состојките. Со лажица измерете ги состојките за пандишпанот, ставете на печење, а потоа подгответе го кремот за помалку од 3 минути. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, прстофат сол, 12 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици млеко, рендана кора од 1 лимон, половина сок од лимон, 12 лажици пченично брашно, 1 лажичка сув квасец или прашок за печиво.
За преливање на пандишпанот: 100 мл млеко, 100 мл слатка павлака, 150 г кондензирано млеко (опционално). За кремот: 200 мл неутрална павлака, 4 лажици шеќер, 1 лажица крем сирење (опционално).
ПОСТАПКА: Јајцата и млекото оставете ги да се стоплат на собна температура, за да можат состојките лесно да се соединат. Во еден подлабок сад скршете ги трите јајца и изматете ги 2-3 минути со миксер додека да станат пенасти и да побелат. Малку посолете, па продолжете со миксирање.
Постепено започнете да додавате една по една лажица шеќер, додека непрекинато миксирате. Кога шеќерот ќе се растопи, паузирајте со миксирање и додајте 12 лажици масло, малку промешајте, па додајте 12 лажици млеко. Измиксајте уште малку, па изрендајте 1 кора од лимон, која претходно треба да биде истретирана со вода и сода бикарбона.
Додајте половина сок од лимон, за пандишпанот да има убав, цитрусен вкус. Кога добро ќе ги соедините состојките, додајте 12 лажици просеано брашно со 1 лажичка прашок за печиво. Лесно соединете со шпатула додека да се формира мазна и еднолична смеса, со густа конзистентност.
Излејте ја смесата во калап обложен со хартија за печење со димензии (22х22 см или слични димензии) и печете во загреана рерна на 180 степени, приближно 35 минути. Пандишпанот треба да добие златна боја. Во меѓувреме подгответе го преливот за натопување на пандишпанот.
Во помало тенџере соединете го млекото, слатката павлака и кондензираното млеко (опционално). Гответе на умерена температура, приближно 4 минути по зовривањето, со повремено мешање. И без да додадете кондензирано млеко, смесата ќе згусне.
По печењето, оставете го пандишпанот малку да се олади, па избоцкајте го со виљушка. Прелијте со неколку лажици од смесата од млеко и павлака за готвење, додека целосно да се натопи. Оставете го пандишпанот во фрижидер, додека го подготвувате кремот.
За кремот: Измиксајте ја неутралната павлака (за готвење) во цврст снег, а потоа додајте 4 лажици шеќер и по желба додајте 1 лажица крем сирење (маскарпоне). Измиксајте сѐ заедно, па филувајте го пандишпанот со овој крем. Одозгора наросете со јатки по желба. Деталите погледнете ги ОВДЕ.