Аурора овојпат нè изненади со нејзиниот најнов рецепт за кој вели дека не се „жу жу“, „мастчиња“ или како што популарно се познати во регионот „салчици“ (салчиња), туку друг традиционален рецепт кој вреди да си го запишете за да не се заборави. Таа вели: „Солзи сами капат секојпат кога ќе пробам, зашто будат спомени..“. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г меко брашно + 50 г за домесување на тестото, 250 мл млако млеко, 1 кесичка сув квасец (8-10 г), 1 мала лажичка шеќер, 1 јајце, 1 прстофат сол, 100 мл растително масло. За премачкување: 50 г путер или маст, и уште: џем по ваша желба, шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА: Во подлабок сад просејте го брашното (половината), во средината направете вдлабнување како бунарче, па тула ситепете го млекото, сувиот квасец и малку шеќер. Малку промешајте и оставете на топло место 10-тина минути додека квасецот да се активира и запени. Потоа додајте го маслото и јајцето отстојано на собна темперратура.
Посолете со прстофат сол и започнете постепено да го додавате остатокот од брашното додека мешате со дрвена лажица или кујнска шпатула. Кога тестото ќе стане компактно и веќе не може да се меша, започнете го месењето со рака. Кога ќе почне да се одвојува од ѕидовите на садот истресете го на набрашнета површина и тука доработете го.
Кога тестото убаво ќе се измазни (после 5-8 минути месење) и не лепи за рака, нема потреба повеќе да му додавате брашно, зашто треба да биде средно меко. Вратете го во садот, покријте го со проѕирна-стреч фолија, а одозгора со крпа, па оставете 20-тина минути на топло за да ферментира и убаво да го зголеми волуменот.
Стасаното тесто истресете го врз набрашнета работна површина и брз да го премесувате, директно со оклагијата развлечете една голема тенка кора со правоаголен облик. Потоа премачкјате ја кората со омекнат путер. Според рецептот на баба ми се премачкува половина од кората и тоа со домашна маст, но јас користам путер или маргарин.
Онаа страна што не е премачкана префрлете ја преку премачканата. Потоа уште малку развлечете ја кората со оклагија за да биде уште потенка, па повторно премачкјате половина од неа со омекнат путер. Повторно преклопете како и претходниот пат (непремачканиот дел врз премачканиот). Со овој начин на преклопување ќе добиете многу убаво лиснато тесто.
Повторно развлечете уште малку со оклагијата, премачкјате половина, преклопете и постапката повторете ја уште еднаш или колку можете повеќе пати за да добиете што поубаво лиснато тесто. Кога најпосле ќе добиете квадрат, покријте го со крпа и оставете го да одмори 10 минути. Потоа развлечете го врз набрашнета површина.
Кората треба треба да биде како и за обични кифли, ниту претенбка, ниту предебела. По потреба наросете малку брашно одозгора додека го развлекувате тестото, но не премногу. Потоа кората исечете ја на квадратчиња со големина од 4-5 см или по желба.
Секое квадратче малку притиснете го со прстите за да се развлече, во средината ставете една лажичка џем по вкус, па преклопете како триаголник. Спојте ги краевите за да се залепи (ако џемот е редок за да не истекува), а потоа двата остри агли од триаголникот повлечете ги кон задната страна и тука спојте ги, за да добиете еден вид на школка.
Ако користите некој цврст џем, нема потреба да ги спојувате краевите. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени, а кифличките со облик на школку наредете ги во плех обложен со хартија за печење. печете ги во врела рерна 20 минути, а потоа додека се топли валајте ги во шеќер во прав во кој сте додале една кесичка ванилин шеќер. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.