Home Рецепти Ова е најдобриот колач што го јадев кај баба ми, а денес...

Ова е најдобриот колач што го јадев кај баба ми, а денес јас им го правам на моите деца

Ова е еден од оние старински рецепти запишани во пожолтените тефтери на нашите баби и мајки. Колачот е многу сочен со богат вкус на ореви, а секој залак се топи во уста. Потребните состојки секогаш ги имате в кујна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

250 г путер/маргарин/маст
200 г шеќер
6 белки
250 г мелени ореви
250 г брашно
1 прашок за печиво
2 ванилин шеќер

за прелив:

6 жолчки
12 лажици шеќер во прав
2 ванилин шеќер

Постапка:

Пенасто изматете го путерот со шеќер. Посебно изматете ги белките во цврст снег, па потоа лесно и со лажица соединете ги.

На крај додајте брашно, ореви и прашок за печиво, па внимателно со лажица промешајте ги, да остане воздушеста смесата.

Излејте во намастен и набрашнет плех 38х22 см, па печете во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени одозгора.

Жолчките заедно со шеќерот и ванилин шеќерот пенесто изматете ги. Прелијте ги преку печениот колач додека е уште врел, па вратете во рерна уште 3-4 минути.

Исклучете ја рерната и оставете колачот така да излади во рерната.

Кога колачот е изладен сечете го на коцки или штангли.