Потребни состојки:
6 јајца
6 лажици брашно
3 лажици вода
3 лажици млеко
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
за црвена кора додадете 2 полни лажици ајвар
за зелена кора додадете 500 г одмрзнат спанаќ
за кора со точки додадете 2 полни лажици мак
За фил:
500 г сирење, дробено
1 чаша павлака
300 г шунка, сечкана на листови
300 г сечкани кисели краставички
1 рендано варено јајце
рендан кашкавал по желба
Постапка:
За кора: изматете 6 белки со лажичка сол во цврст снег. Додадете ги жолчките и измешајте добро.
Потоа додадете 3 лажици млеко и 3 лажици вода, промешајте, па 6 лажици брашно со прашокот за печиво. Матете на најмала брзина.
Потоа додадете спанаќ/ајвар/мак.
Плехот обложете со хартија за печење па излејте ја смесата.
Рамномерно развлечете со лажици и малку потчукнете ја тепсијата за да излезат меурчињата со воздух.
Печете на 180 степени како што печете и обичен пандишпан за торта.
Топлиот ролат заедно со хартијата во која се печел свиткајте го и оставете така да излади. Во меѓувреме пригответе го филот.
За фил: Измешајте ги сите состојки, па премачкајте ја изладената кора и наредете ги останатите состојки.
Цврсто свиткајте го ролатот, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го така преку ноќ или неколку часови да отстои во фрижидер.