Да се има прекрасна градина со расцудени рози, е сон на секој градинар. Изобилство од разнобојни цветови, различни цвеќиња, добро одржување на цветните леи и пријатно место за одмор меѓу цветниот мирис и шарената сенка создаваат совршена хармонија. А, може ли да се замисли една градина без убавината на розата?




Погледите на луѓето отсекогаш биле привлечени од нежните миризливи пупки опкружени со острото трње. Но, убавите цветови розови не се привлечни само за луѓето, туку и разновидините инсекти, а особено штетните растителни вошки, и тоа, од гастрономска гледна точка. Постојат разновидни средства против овие вошки, а кои можат да се набават во земјоделските аптеки.




Меѓутоа, постои еден стар метод, многу едноставен и оригинален, а кој ми го откри соседот. Со овој начин не ви се потребни никакви средства со кои покрај вошките се оштетуваат и самите растенија, но и почвата, а не треба да барате ниту рецептите од природната медицина, зашто нашите претци откриле генијален начин, а тоа е употреба на жолтата лента.




Може да употребите жолти свилени панделки, памучни или од каков било материјал. Важно е ткаенината да има жолта боја. Во продолжение прочитајте како на најлесен начин можете да се ослободите од растителните вошко со помош на жолта панделка.




Растителните вошки се мали инсекти кои се појавуваат на младите рози некаде кон крајот на пролетта. Брзо се размножуваат и ретко можат да се забележат навреме поради нивната светлозелена боја. Растителните вошки се адаптирале на совршен начин, а освен мимикријата, тие ги принудуваат листовите да се свиваат навнатре и на тој начин да создадат штитник за себе при прскањето.




Ако не реагирате навреме, младото растение постепено ќе овене. Честопати мравките ги носат растителните вошки до целта, затоа што ја сакаат слатката леплива супстанција која ја лачат вошките во вид на капка, додека го пијат сокот од растението. Штом забележите мравки како шетаат горе-долу по стеблето на розата, тоа е веќе црвен знак дека мора нешто да се преземе.




Верувале или не, жолтата лента може многу да помогне. Пребарајте во пакетите каде сте ја спакувале вашата стара облека или алишта кои веќе не ги носите, па побарајте жолта ткаенина. Исечете ленти со должина од 30-40 с, во зависност од големината на розата која сакате да ја заштитите. Ако не најдете ништо дома, тогаш купете жолт селотејп или жолта лента од цвеќарница.




Потоа врзете ги розите со овие ленти. Не треба премногу да ги стегнете, но да бидат многу лабави. После неколку дена ќе забележите дека растителните вошки ги нема. Нема никаква мистерија или магија во овие жолти ленти врзани како панделки, а причината е многу едноставна:




Светложолтата боја ги привлекува бубамарите, а токму овие инсекти најмногу сакаат да се гоштеваат со растителните вошки. Овој метод може да се користи и за друг вид растенија. Ако употребите друга боја или боја која е блиску до жолтата, но не е жолта, не очекувајте го посакуваниот ефект, зашто бубамарите ги привлекува само сончево жолтата боја.

Накитете го вашето цвеќе со жолта боја и оставете природата да го направи останатото. Ќе можете да им се восхитувате на вашите убави и здрави цвеќиња без употреба на никакви други дополнителни средства. Повеќе детали погледнете ОВДЕ (полски ј.)