Многу вкусен колач, со фина структура и интересна форма, а многу едноставно се приготвува. Би требало добро да им илезе и на почетниците.

Потребни состојки:

300 г брашно

1 прашок за печиво

150 г путер

100 г шеќер

4 жолчки

лимонова кора

За фил:

4 белки

150 г шеќер

150 г мелени ореви

3 лажици џем од кајсии

4 големи јаболка

Постапка:

Прво изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете ги другите состојки (путерот мора да биде на собна температура), па тестото поделете го на два дела.

Едниот дел развлечете го во подмачкан калап 20х30 см, а другиот дел ставете го во замрзнувач.

За фил: изматете ги белките со шеќер во цврст снег, додадете ореви и џем, па сето лесно со лажица промешајте.

Врз првиот дел од тестото ставете рендани јаболка, потоа фил, па преку филот изрендајте го вториот дел од замрзнатото тесто.

Печете на 200 степени додека да зарумени.