Потребни состојки:
3 јајца
100 мл масло
500 г рендани и исцедени тиквички
1 главица кромид
1 лажица сечкан магдонос
100 г фета или друго немасно сирење
300 г брашно
1 прашок за печиво
2 лажици кисела павлака
5 лажици гриз
сол, црн пипер
Постапка:
Тиквичките изрендајте ги, посолете ги да отстојат малку па исцедете ги од течноста што ќе ја испуштат.
Кромидот ситно исечкајте го.
Во еден сад ставете 3 јајца, изматете ги па додадете масло, тиквички, кромид, сечкан магдонос, ситно сирење (исечкано), кисела павлака, гриз, брашно, прашок за печиво, сол и црн пипер.
Масата изматете ја за да се соедини и излејте во намастен и набрашнет калап 20х30.
Печете на 180 степени околу 30 минути додека пожолти.