Едноставни, брзи, декоративни триаголници кои мене многу ми се драги бидејќи за нив не мора да се вклучува рерна.
Потребни состојки:
50 мл вода
150 г шеќер
100 г путер
200 г млеко во прав
50 г кокос
100 г желе бонбони
Постапка:
Во еден сад растопете го путерот, шеќерот и водата, па додадете млеко во прав, кокос и сечкани желе бонбони.
Смесата истурете ја во калап со облик по ваша желба, јас направив триаголници.