Потребни состојки:
120 г путер
2 јајца
8 лажици шеќер
4 реда чоколадо
200 г мелени ореви
Малку рендано мускантно оревче
200 мл млеко
8 лажици брашно
1 прашок за печиво
За крем:
500 мл млеко
1 пудинг од ванила
100 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
130 г путер
Глазура и шлаг:
100 г чоколадо
2 лажици масло
2 кесички шлаг
Постапка:
За кора: Пенесто изматете ги јајцата, путерот и шеќерот, па додадете го растопеното чоколадо, оревите, мускантно оревче и млеко.
Брашното помешајте го со прашок за печиво и додадете го во приготвената смеса,
Смесата излејте ја во долгнавест калап обложен со хартија и печете во загреана рерна 30 минути на 200 степени.
Печениот бисквит изладете го и пресечете го надолжно за да добиете две еднакви кори.
За крем: Пудингот сварете го во половина литар млеко според упатството од кесичката и оставете да излади.
Посебно изматете го путерот со шеќер во прав, ванилин шеќер и промешајте го во изладениот пудинг.
Првата кора премачкајте ја со приготвениот крем, прекријте со втората кора, па најгоре нанесете го изматениот шлаг и обликувајте во полукруг како тунел. Вака приготвено ставете во фрижидер да се стегне.
Чоколадото растопете го со малку масло и прелијте преку изладениот колач.