Ако во моментот дома имате млеко, брашно и шеќер, не пропуштајте и пригответе ги овие слатки полжавчиња од тиган кои се топат во уста. Многу се лесни, меки како памук, а постапката исто така, е многу едноставна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл топло млеко, 1/2 кесичка сув квасец (5 г), 1 јајце на собна температура, 1 супена лажица шеќер, ситно рендана кора од портокал, 40 мл растително масло за готвење, 420 г меко брашно, 1/2 мала лажичка сол




ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете топло (млако) млеко, додајте го сувиот квасец и една лажица шеќер, па промешајте за да се растворат состојките. Јајцето скршете го во некоја помала шолјичка и изматете го, па додајте го во растворениот квасец.




Потоа додајте 40 мл масло за готвење, ситно рендана кора од портокал и повторно промешајте за да се изедначи мешавина. Брашното измерете го и просејте го, па започнете постепено да го додавате во влажните состојки. Посолете.




На почетокот мешајте со дрвена лажица или кујнска шпатула додека брашното целосно да ја впие влагата и да се создаде компактно тесто. потоа замесете со рака за да добие еластичност, но не мора премногу долго се меси.




Тоа е доста меко и малку лепливо за рака, но намастете ги дланките и премачкјате го целото тесто, па обликувајте топка. Тоа нема повеќе да се лепи. Покријте го со проѕирна-стреч фолија и оставете го на топло место да ферментира еден час и убаво да го удвои волуменот.




Потоа малку премесете колку да се истисне воздухот од него, па поделете го на 9 дела, а од секој дел обликувајте топче. Доколку сакате прецизно сите да бидат еднакви, едно топче треба да тежи приближно 80 грама.




Потоа земете едно топче и развлечете го со дланките како долго тенко валјаче, и врз парче хартија свиткајте го како полжав. Постапката повторете ја со сите останати теста. Кога ќе ги завршите сите полжавчиња покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да ферментираат 20 минути.




Можете одозгора да ги премачкате со разматена жолчка и малку млеко па да ги печете во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат, но ако ги сакате како крофнички и побрзо да бидат готови, пржете ги во тиган со загреано масло на умерено ниска температура.

Спуштајте ги полжавчињата сосе хартијата, па кога веднаш штом се одлепат (за 2-3 сек), извлечете ја од маслото. Пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат, па вадете ги со решеткава лажица врз чинија со хартиена салфетка, а потоа валајте ги во гранулиран/кристал шеќер. Деталите погледнете ги ОВДЕ.