Одамна размислував да отпочнам со друг, поздрав начин на исхрана, но секојпат наоѓав изговори дека немам доволно време и одложував за следниот месец, кога ќе ја завршам итната работа да можам целосно да се посветам. Но, постојано има итна работа што морам да ја завршам, а вишокот на мене не беше веќе само естетски проблем, туку и здравствен.




Бев на лекар, а потоа и на нутриционист и јасно беше дека морам што поскоро да оcлабам и тоа најмалку 10 кг. Свесна бев дека тоа нема да се случи преку ноќ, но сакав брзи резултати за да ме охрабрат, да не се откажам. Тоа и се случи, затоа што бев дисциплинирана и внимавав што јадам, а притоа, од многу работи се откажав.




Од поважните работи можам да ги набројам следните: шеќер, газирано и „фаст фуд“ целосно исфрлив, солта ја намалив на минимум, исто и продукти од бело брашно, пиев вода, зелен чај и свежо цедени сокови, а повеќе јадев овошје и зеленчук.

Во продолжение ќе ви го откријам мојот омилен рецепт кој многу често го приготвував, а тоа се ќофтињата од хелда во комбинација со сос од зеленчук. Кога отидов кај мајка ми на гости после еден месец, едвај ме препозна, па веднаш кај неа ги зготвив овие ќофтиња и и покажав како се приготвуваат. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за ќофтиња: 300 г хелда, 500 мл вода, малку сол и црн пипер, 1 главица кромид, 1 морков, 3 јајца, лук во прав и зачини по вкус. ЗА СОС: 1 главица кромид, 1 морков, 1 тиквица, 2 млади тиквички, 2 домати (средна големина), 1 чешне лук, сол и црн пипер по вкус, 1 супена лажица брашно, 100 мл течна неутрална павлака




ПОСТАПКА: сипете ја хелдата во тенџере и прелијте ја со половина литар ладна вода, па ставете на оган да се свари. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и варете додека да испари целата течност, а зрното да омекне. За тоа време пригответе го зеленчукот.




Кромидот ситно исечкјате и запржете го на малку масло. Морковот изрендајте го и додајте го, па заедно динстајте ги неколку минути додека да омекнат. Тргнете настрана да се подизлади, а сварената хељда претурете ја во некој подлабок сад. Скршете три јајца и со помош на рачен блендер сомелете ја смесата.




Во оваа смеса (која наликува на мелено месо) додајте го динстаниот кромид и морков, посолете и запиперете по вкус, додајте малку лук во прав, па добро промешајте за да се изедначи. Потоа навлажнете го рацете во вода и обликувајте ќофтиња со дланките.




Ќофтињата можете да ги печете во рерна врз хартија малку намастена со масло (и одозгора малку премачкани) на 180-200 степени со едно превртување додека да заруменат, но може и да се испржат по неколку минути од двете страни. Пржените ќофтиња вадете ги врз хартиена салфетка. Потоа пригответе го сосот:




Кромидот и морковот исечкјате ги (не мора многу ситно), па издинстајте ги на малку масло, па пред крај додајте две тиквички исечкани на коцки. Доматите површински засечете ги накрсно (како плус) и прелијте ги со зовриена вода, па веднаш префрлете ги во ладна вода и излупете ги.

Исечкајте ги на коцки и додајте ги во останатиот зеленчук. Лукчето протнете го низ преса или ситно исечкјате го, зачинете со сол и црн пипер и зачини по вкус, промешајте и додајте ја течната павлака.

Динстајте на умерена температура додека содржината да се згусне, приближно 7 минути. Потоа сето изблендирајте го со рачен блендер и вашиот сос е спремен за послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.