Следете ги овие чекори и спасете си ги стапалата.
Сувите нозе, како и испуканите уморни стапала мора посебно да се третираат.
Вашите нозе заслужуваат посебно внимание иако најчесто сите ги запоставуваме.
Не треба да заборавиме дека стапалата секојдневно се изложени на влијанијата од земјината тежа, ја поднесуваат целата наша телесна тежина во текот на целиот ден и тоа е причината што се оштетени и изгледаат непривлечно.
На ова треба да се додаде и најчесто неправилниот и неугодниот избор на чевли со што доаѓа до искривување на коските, повреди на зглобовите меѓу нив и разни деформитети.
За жал, повеќето луѓе ги игнорираат своите стапала и за нивниот изглед се грижат само летно време.
Добрата вест е дека не ви се потребни скапи средства за нега, бидејќи ви откриваме рецепт за неговани и нежни стапала.
Следете ги следните чекори:
Загрејте 2-3 литри вода со еден филџан морска крупна сол и 1 филџан сода бикарбона.
Водата треба да биде млака околу 38-42 степени.
Промешајте за да се растопи солта.
Во течноста додадете 1 супена лажица бетадине – јод.
Киснете ги стапалата во оваа течност додека да излади водата.
Изрендајте ги стапалата со специјално ренде или камен, измијте ги и избришете ги.
Потоа загрејте 2-4 чаши млеко. Додадете 1 лажица сода бикарбона.
Повторно потопете ги стапалата и држете ги додека да излади млекото.
Млекото складирајте го во некое шише и чувајте го во фрижидер за да го искористите и следниот ден-два доколку има потреба.
Најчесто стапалата веднаш после првиот третман стануваат меки со бебешка кожа, но кај потешките случаи ќе мора да се повтори.
Постапката повторувајте секоја вечер, од три до седум дена, во зависност од состојбата на вашите стапала.
После секој третман стапалата мачкајте ги со масен крем и завиткувајте ги во памучни чорапи со кои ќе преноќите.