Вкусен колач без печење.
Потребни состојки: 600 мл млеко, 6 лажица пченичен гриз, 5-6 лажици шеќер, 2 лажици какао во прав, 2 реда чоколадо за готвење (20-тина грама) и малку арома од рум, по желба
За крем: 1 пудинг од ванила, 250 мл млеко (за пудингот), 3 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 80 г крем шлаг со вкус на ванила, 200 мл млеко +- за шлаг и какао за украсување (не е задолжително)
Постапка:
Прво сварете го пудингот во 250 мл млеко со 3 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер, според упатството на кесичката. Сварениот пудинг префрлете го во друг сад и промешувајте повремено за да не фати коричка. Ќе биде многу густ, но така треба.
Во еден сад измешајте гриз, какао и шеќер со малку млеко. Во шерпата ставете го остатокот од млекото и ставете на оган, па кога ќе зоврие додадете го гризот и мешајте додека да згусне.
Тргнете од оган, па додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи. Потоа додадете рум, промешајте и добиената смеса излијте ја во мокра тепсија или калап 30х18 см.
Доколку ви се брза, земете поголема тепсија со ладна вода па тука ставете го садот со гриз за побрзо да излади.
Шлагот изматете го со млеко, според упатството. Подобро е да биде погуст, отколку поредок. Затоа и се користи шлаг крем а не шлаг пена. Досега би требало пудингот да излади, само малку изматете го со миксер за да биде покремаст.
Во пудингот додадете неколку лажици шлаг и добро изматете со шпатула, за да се разреди смесата. Потоа додадете го и остатокот од шлагот и нежно измешајте го шлагот, изедначете.
Добиениот крем распоредете го преку изладената подлога од гриз и израмнете Колачот добро изладете го, барем 4 часа, па сечете на коцки и украсете со какао и рендано чоколадо. / coolinarika.com