Бисквитна торта во комбинација со еурокрем – многу лесна за правење, а децата ја обожуваат, ана ниту повозрасните не се рамнодушни.
Потребни состојки:
800 г шлаг
300 г мелени бисквити
200 г еурокрем
600 мл минерална вода
Постапка:
Изматете 400 г шлаг со 300 мл кисела вода.
Потоа во шлагот додадете мелени бисквити, добро промешајте со лажица па истурете во чинија за сервирање. Со шпатула формирајте ја кората.
400 г шлаг изматете со 300 мл кисела вода, додадете еурокрем, па премачкајте ја кората одозгора и малку од страните.
Изладете ја добро тортата пред сервирање.