Ова лиснато тесто е толку многу добро, рецептот го знам веќе 20-тина години и сѐ уште го подготвувам. Го нарекувам школски рецепт, така научив да го правам во школо и секогаш ми излегува убаво. Се прави без квасец, со малку маргарин, вода и оцет. Во продолжение може да прочитате два рецепти. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 кг меко брашно + уште малку за наросување и домесување на тестото, 1 кг маргарин, околу 600 мл ладна вода, 1-2 лажици оцет, сол по вкус. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 800 г брашно, 2 кесички сув квасец, 1 мала лажичка прашок за печиво, 2 лажички сол, 1 лажица шеќер, 100 мл масло и 500 мл топло млеко.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во еден подлабок сад сипете 600 мл ладна вода, додајте сол по вкус и 1-2 лажици оцет, па просејте го брашното. Отприлика ќе би биде потребно околу 1 кг меко брашно. Замесете меко тесто, кое не треба да се меси премногу, доволно е додека биде компактно и да не се распаѓа.




По замесување наросете го тестото со брашно уште малку и оставете го на маса покриено со крпа. 1 кг маргарин се сече на коцки, се меша со малку брашно, се обликува тенка коцка и се остава во фрижидер. Обилно набрашнете ја работната површина, растегнете ја топката тесто од четири страни (со подебела средина).




Во средината ставете го изладениот маргарин и затворете го со страните. Тестото развлечете го тенко во голем правоаголник. Потоа започнете со преклопувањето на 3 слоеви. Земете ја левата страна на правоаголникот и преклопете ја малку повеќе од средината, па потоа преку неа преклопете ја десната страна. Повторно развлечете во правоаголник.




Преклопете го тестото во 4 слоеви на истиот начин: левата страна свиткајте ја до средината на тестото, десната страна исто до средината, па свиткајте ги двете страни од тестото каде што се спојуваат. Повторно свиткајте во правоаголник и повторете го превиткувањето во 3 слоеви.




Оставете го да се отстои малку, а потоа развлечете го и веднаш искористете го или исечете го на 4 дела и замрзнете си го. Помеѓу секое превиткување треба да се остави да се одмори на ладно, но никогаш не го правам тоа бидејќи секогаш брзам и нетрпелива сум да чекам.




Без разлика, секогаш ми делува одлично бидејќи тестото е помеко. Доколку сепак забележите дека е потешко да се витка, оставете го да отстои половина час. Ако веднаш го искористите тeстото може да го исечете на помали коцки, да го премачкате со маргарин и да наросите сусам и да го испечете на 200 степени, додека да порумени и да стане крцкаво.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во 200 мл млако млеко додајте една лажица шеќер, малку брашно и квасците. Промешајте убаво да добиете ретко тесто, па оставете да се активира (овој чекор можете и да го прескокнете, па сите состојки одеднаш да ги помешете и да замесете тесто).

ВТОР РЕЦЕПТ




Во остатокот од брашното, додајте лажиче прашок за печиво, сол, масло, активираниот квасец и со преостанатото млако млеко замесете убаво тесто. Оставете го на топло додека да стаса и да се удвои. Потоа тестото поделете го на 4 делови, секој формирајте го во топче и развлечете го во кора со правоаголна форма со дебелина од 3-4 мм.

Кората премачкајте ја со растопен путер, свиткајте во ролат. Вака приготвените ролати редете ги во тепсија обложена со хартија. Ролатот исечете го на триаголниците (види фото) со остар нож, и оставете ги 10-тина минути да одморат.

ВТОР РЕЦЕПТ

Одозгора премачкајте ги со путер и лажица павлака, а може да наросите и семки по желба. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180-200 степени околу половина час или додека да добијат убава боја. Фотографија и рецепт на Аделка Милиќ.