Нема нешто поубаво од домашно приготвен бурек кој сите го сакаат, а уште подобро ако го направите со домашни кори. Ако не сте подготвени да се обидете со тестото, тогаш имаме уште еден феноменален рецепт за домашен бурек кој се приготвува со готови кори, кој можете да го прочитате подолу во текстот. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 (домашни кори) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г брашно, 1 лажичка сол, 1 лажица масло, 500 мл вода, 400 г мелено месо, 150 г црвен кромид, 1,5 лажичка сол и 1 лажичка црн пипер

рецепт 2 (фото: Вишња Вишња)

РЕЦЕПТ 2 (готови кори) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување готови тенки кори (500 г), 150 мл вода (по можност газирана), 50 мл масло, сол по вкус ако сирењето не е доволно солено и 500 г сирење.




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во подлабок сад просејте го брашното и промешајте го со една лажичка сол. Додајте една лажица масло, па постепено започнете да додавате 500 мл вода на собна температура. Мешајте прво со лажица, а потоа замесете со рака додека да добиете мазно меко тесто кое не се лепи.




Истресете го врз набрашнета работна површина и поделете го на три дела, а потоа секој дел обликувајте го во топче. Прекријте ги со крпа и оставете ги да одморат 5-10 минути. Потоа секое топче развлечете го во кора со величина на поголема чинија. Секоја кора намастете ја со масло.




Корите преклопете ги на половина во полукругови и оставете ги врз набрашнета површина да одмораат. Прекријте ги со крпа или кеса да не се сушат додека во меѓувреме го подготвувате филот. Во посебен сад ставете 400 г мелено месо и ситно сечкан 150 г кромид, зачинете со 1,5 лажичка сол и 1 лажичка црн пипер, па измесете со раце додека да се изедначи смесата.




Тегнење: врз маса постелете чист чаршав, па врз него ставете една од корите и полека започнете го тегнењето. Внимавајте тегнењето да го правите рамномерно за да не ви се искине тестото. Ќе добиете голема и тенка кора, па од неа ќе свиткате две ролни, од едната и другата страна, а на средината ќе ја пресечете (да добиете две долги ролнички):




На еден крај од тегнетата кора ставете фил, а врз целата површина наросете растопен путер. Со подигање на чаршавот свиткајте ја кората во ролат. Пресечете на половина, па истото сторете го и од другата страна. Ролатите исечете ги на помали парчиња и виткајте ги како полжави (или правете други форми.




Редете ги во намастена тепсија и ставете да се печат во загреана рерна на 250 степени приближно половина час или додека да заруменат. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт (бурек со готови кори):




ПОСТАПКА за рецепт 2: водата, маслото и солта измешајте ги во тенџере, па ставете го на оган и почекајте да зоврие. Потоа тргнете го настрана. Првите две кори ставете ги во тепсија, но така што краевите да висат надвор.

Премачкајте ги со мешавината од масло и вода. Филувајте и редете кори наизменично додека да ви се потроши материјалот, а секоја кора прскајте ја или премачкувајте ја со течната мешавина.

На крај преклопете ја питата со оние кори што висеа од страна и залијте со преостанатата течност. Печете во загреана рерна на 220 степени 30-тина минути. Кога е печен бурекот превртете го наопаку и исечете го. Повеќе детали можете да прочитате и погледнете ОВДЕ.