Потребни состојки:

2 правоаголни кори од тесто

Нутела

1 јајце за мачкање

Шеќер во прав за наросување

m&m бонбони за украсување

Постапка:

Истенчете ја кората со правоаголна форма па убаво премачкајте со нутела преку целата површина.

Одозгора ставете ја другата кора.

Започнете со мерење: со остар нож обележете ја средината горе и долу. Горната точка ќе биде врвот на елката.

На еднакви растојанија обележете лево и десно од долната средишна точка за стеблото на елката.

Околу еден сантиметар нагоре пресечете, за првата гранка.

Тенко со ножот обележете линија од врвот па надолу и накосо, така да добиете остар тријаголник – елка.

Отстранете ги вишокот делови.

Сечете ги лентите-гранки на еднакви растојанија.

Потоа лесно засучете ги вртејќи ги сите на иста страна.

На страна изматете јајце.

Убаво премачкајте ја елката.

Печете на 180-200 степени кратко додека да добие убава боја.

Врз изладената елка наросете шеќер во прав.

За крај ставете лампиони од шарени бонбони.