Љубителите на торти ќе бидат воодушевени кога ќе ја пробаат оваа вкусна киндер макси торта, која е направена од бисквитна кора, фил, глазура и готов крем карамел.
Вкусот е богат, кремаст и може да ја направите за секој повод. Во минатото, рецептите за колачи биле комплицирани и барале вешти раце од домаќинките.
Во денешно време, има многу рецепти за едноставни и вкусни колачи кои изгледаат поубаво за разлика од сите купечки во продавница.
Таков е случајот со овој рецепт за киндер макси торта, кој е многу лесна за правење, а изгледа многу декоративно. Вкусот е одличен и нема да погрешите доколку на трпезата ја послужите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРВА СМЕСА: 6 белки. ЗА ВТОРА СМЕСА: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 100 мл млеко.
ТРЕТА СМЕСА: 100 мл масло, 6 лажици брашно, 3 лажици незасладено какао, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ФИЛОТ: 500 мл наутрална павлака/шлаг, 250 г маскарпоне сирење, 1 кесичка ванилин шеќер.
ЗА ГЛАЗУРА: 150 г чоколадо, 200 мл неутрална павлака. ЗА НАРОСУВАЊЕ: Ситно мелени или сечкани лешници или комбинација од јатки. И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: купечки карамел или може да направите и домашен.
ПОСТАПКА ЗА КОРАТА: Трите смеси изматете ги посебно со миксер, потоа соединете ги во една и нежно измешајте со жица за матење. Јајцата издвојте ги на белки и жолчки и оставете да се стоплат на собна температура.
Во посебен сад, цврсто изматете ги белките во цврст снег, кој тешко ќе се разлева при превртување на садот. За втората смеса, изматете ги жолчките, со постепено додавање на шеќерот.
Смесата треба да добие на волумен и малку да побели, а шеќерот да се растопи во жолчките. При крајот додајте 100 мл млеко и соединете уште малку со миксерот.
За третата смеса изматете го маслото (100 мл) со 6 лажици брашно, 3 лажици какао во прав и прашокот за печиво.
Соединете ги трите смеси во најголемиот сад, со постепено додавање и мешајте со жица/маталка или шпатула додека да се формира мазна и еднолична смеса.
Соединетата смеса се излева во намрсен и набрашнет калап со дијаметар од 26 см, добро се израмнува и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути.
Рерната се вклучува да се загрее непосредно пред соединување на трите смеси. По печењето, со чепкалка проверете дали кората е испечена.
Доколку е, оставете малку да се олади под кујнска крпа, а во меѓувреме подгответе го филот. За печење се користи калап со флексибилен обрач.
ЗА ФИЛОТ: 500 мл крем за шлаг (неутрална павлака), 250 г маскарпоне сирење, 1 ванилин шеќер, изматете го во тврд крем кој треба да се филува преку кората.
Доколку кората ви се надигнала на средина, при печењето, отсечете го тој дел, да биде како вдлабнатина, па филувајте со белиот крем.
Белиот крем треба да биде цврсто изматен и да не се разлева. Важно е на рабовите да го подигнете малку, така што на средината ќе има вдлабнатина (како што е прикажано на сликата, како прстен).
Во вдлабнатината излејте го готовиот карамел. Јас користев купечки карамел, но може да си направите и домашен. Значи се излева 2/3 од белиот крем.
Кога „вдлабнатината“ ќе се наполни со карамела, премачкајте го остатокот од смесата со шлаг за да се израмни.
ЗА ГЛАЗУРА: Растопете 150 г чоколадо за готвење и 200 мл неутрална павлака, изматете, изладете и прелијте одозгора, па веднаш ставете ја тортата во фрижидер преку ноќ добро да се стегне.
Пред послужување декорирајте со ситно мелени или сечкани лешници. Фото и рецепт на „Љубители на храна/Херцеговке.“