Брз, едноставен и здрав рецепт за богат ручек за вашето семејство. Секогаш добитната комбинација е пилешко со ориз, а ова е рецепт како да ви излезе најубаво што може.
Потребни состојки:
пилешко
1 лажица вегета
1 главица кромид
вода
100 мл масло
200-250 г ориз
1 морков
сол, црн пипер и магдонос
Постапка:
Одвојте го пилешкото на парчиња и зачинете го со вегета.
Ставете да се пече околу 30 минути во подлабока тепсија.
Кромидот исечкајте го, морковот изрендајте го и зачинете со магдонос и вегета.
Оризот измијте го, процедете го и додадете го во садот со зеленчукот, па убаво се’ измешајте.
Во тепсијата со месо додадете ја мешавината од ориз, зеленчук и малку промешајте. Прелијте се’ со вода и повторно ставете да се пече.
Печете додека да испари течноста и оризот да омекне.