Потребни состојки:
За кора
6 белки
250 г шеќер
50 г кокосово брашно
100 г брашно
1/2 прашок за печиво
200 мл млеко
За фил:
6 жолчки
2 пудинг од ванила
4 лажици брашно
15 лажици шеќер
1 литар млеко
125 г путер
125 г маргарин
200 мл слатка павлака
И уште:
50 г кокосово брашно
малку печени лешници
Постапка:
Кора: од 6 белки изматете цврст снег, па додадете 250 г шеќер. Матете со миксер уште малку да се растопи шеќерот, па додадете кокосово брашно и пченично брашно измешано со малку прашок за печиво.
Сега мешајте со лажица или шпатула, полека и внимателно без миксер. Ставете во тавче 32х20 см да се пече во рерна загреана на 200 степени и веднаш намалете на 180.
Испечете ја кората внимавајќи да остане бела, околу 15-тина минути.
Оставете кората да излади, па прелијте ја со 200 мл врело млеко.
За фил: во еден сад добро измешајте 6 жолчки со 2 пудинзи од ванила, 4 лажици брашно, 15 лажици шеќер и 200 мл млеко.
800 мл млеко ставете да зоврие, па потоа додадете ги жолчките и згответе го кремот додека да згусне. Оставете да излади. Потоа измешајте го кремот со пенесто изматени путер и маргарин. Додадете и 200 мл изматена слатка павлака.
Кога ќе се додаде шлагот од слатка павлака повеќе не се мати со миксер, туку полека и внимателно со лажица или шпатула.
Врз кората ставете фил, па одозгора наросете со околу 50 г кокосово брашно. Оставете да излади па сечете на коцки, а на средината од секоја коцка ставете по еден печен лешник.
recepti.com