Оваа диета вклучува нискомасен јогурт, а доколку ги следите правилата на оваа диета, ќе изгубите и до пет килограми за три дена.

Скробот кој го содржи компирот, заедно со млечните киселини од јогуртот, му обезбедува на телото доволно калории, а скробот во комбинација со вода дава чувство на ситост.

Понеделник

Појадок: еден варен компир без сол и една чаша јогурт

Ручек: два варени компири без сол и една чаша јогурт

Вечера: две чаши јогурт.

Вторник

Појадок: една чаша јогурт

Ручек: 2 варени компири без сол и една чаша јогурт

Вечера: 1 варен компир без сол и една чаша јогурт.

Среда

Појадок: 1 варен компир без сол

Ручек: 1 варен компир без сол и 1 чаша јогурт

Вечера: 1 чаша јогурт

Многу важна напомена: не смеете да го замените варениот компир со пржен!

Варениот компир содржи многу повеќе витамини и минерали, како и влакна кои го забрзуваат варењето, додека јогуртот ја регулира работата на дигестивниот систем, отстранува вишок на ткивна течност од телото.