Потребни состојки:
за 30 кифли/ за 60 кифли:
100 г кокос/200 г кокос
200 г брашно/400 г брашно
50 г шеќер/100 г шеќер
125 г путер/250 г путер
1 јајце/2 јајца
½ прашок за печиво/1 прашок за печиво
За наросување: шеќер во прав
Постапка:
Во брашното додадете го и кокосовото брашно, путерот исечкан на тенки листови, јајце, шеќер и прашок за печиво.
Измесете мазно тесто, па од него правете кифличиња. Редете ги на плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Мора да останат светли!
Топлите кифлички валкајте ги во шеќер во прав,
Колку повеќе стојат кифличките, толку се подобри. Чувајте ги во лимена или херметички затворена кутија. Од оваа количина се добиваат 30 парчиња бидејќи ги преполовив состојките, а вие ако сакате правете со двојна мера како во оригиналниот рецепт.
coolinarika.com